Хотел Aqua Star – Паралија 2023
ОПИС:
Хотел Aqua Star лоциран во Паралиjа, на 3мин пешачење до плажа, сместен во срцето на Паралиjа на 5мин од центарот, е идеален објект за вашиот одмор.
Хотелот е целосно реновиран 2022год, истиот располага со лифт, изолирани соби од звук, сервис будење (на барање) клима со доплата од 7еур на ден на лице место
Реновираните соби се викаат Елиа и нудат пријатен престој, има трокреветни соби и четворокреветни, кој можат да сместат од 2-4 лица. Сите соби се опремени со сопствен тоалет, ТВ, клима и интернет (бесплатно) и бесплатни крпи, сите соби имаат балкон каде можете да уживате во вашето кафе и да се релаксирате.
ПОПУСТИ:
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.12.2022
ЦЕНОВНИК:
Период | Ноќи | Studio po lice HB |
03.06-10.06.2023 | 7 | 229 |
10.06-17.06.2023 | 7 | 239 |
17.06-24.06.2023 | 7 | 259 |
24.06-01.07.2023 | 7 | 269 |
01.07-08.07.2023 | 7 | 279 |
08.07-15.07.2023 | 7 | 279 |
15.07-22.07.2023 | 7 | 279 |
22.07-29.07.2023 | 7 | 279 |
29.07-05.08.2023 | 7 | 319 |
05.08-12.08.2023 | 7 | 319 |
12.08-19.08.2023 | 7 | 309 |
19.08-26.08.2023 | 7 | 259 |
26.08-02.09.2023 | 7 | 249 |
02.09-09.09.2023 | 7 | 239 |
09.09-16.09.2023 | 7 | 229 |
- Првиот и последниот термин се промо, и на нив не следува попуст!
- Цените се изразени за сместување секоја Сабота, смените се на 7 нокевања, Сабота на Сабота
Во цената е вклучено:
- 7 ноќевања по лице
- Појадок и вечера
- Интернет (за јачината на истиот агенцијата не гарантира и не одговара)
Во цената не е вклучено:
- Превоз
- Патничко осигурување
- Клима уред – 7€ на ден (се плаќа во објектот)
- Туристичка такса: 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Доплати:
- Трето возрасно лице – 150еур за 7 ноќевања на Полупансион
- 1во дете од 2-13,99год – 130еур за 7 ноќевања на Полупансион
- 2ро дете од 2-13,99год – 56еур за 7 ноќевања на Полупансион
- Еднокреветно користење на пасион 70% доплата од цената на возрасен
- 1 возрасен и едно дете од 2-13,99год – детето плаќа 130еур
- 1 возрасен и две деца од 2-13,99год – двете деца плакаат по 130еур
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта или пасош.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање за резервации направи по редовна цена.
- Комплетна доплата до 01.06.2023 за резервации направи по промотивна цена.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
- Попустите не може да се комбинираат.
- На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
- Можност за плаќање од 6-12 рати преку СН кредити.
- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената. По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
- Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
- Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.