Опис
ОПИС:
Хотелот се наоѓа на прекрасна локација, опкружен со бујна зелена борова шума и зеленило, на 400 метри од песочната плажа на Фурка, на еден полуостровот Касандра, Халкидики. Хотело со 3+ звезди – е најдобриот избор за вашиот идеален семеен одмор, кој комбинира релаксација и мир, а воедно и многу можности за активен одмор, за вашето семејство или вашите пријатели. Стилот и атмосферата во хотелот Белаџо создаваат чувство на удобност и спокојство, бегајќи од секојдневието и гужвата. Хотелот е добро познат на нашиот пазар, кој во минатото се викаше Авра, и е надалеку познат по својата богата програма на СЕ ВКЛУЧЕНО
Локација
ЛОКАЦИЈА https://maps.app.goo.gl/gCj5hCfozW6VJ3Mi7
Ценовник
ЦЕНИ:
Hotel Bellagio – Фурка, Халкидики – 2025 | ||||||
Попусти за рана уплата : -15% до 20/11/2024, -10% до 31/12/2024, -7% до 28/02/2025 | ||||||
Htl. Bellagio3* ALLINCLUSIVE | 2 возрасни | 2возр.+ 1дете | 2возр.+ 2деца | 3возрасни | 3возр.+дете | Промо |
Термин/Услуга | се вклучено | се вклучено | се вклучено | се вклучено | се вклучено | |
31.05-07.06 | 513 | 513 | 727 | 615 | 786 | промо |
07.06-14.06. | 552 | 552 | 766 | 663 | 834 | промо |
14.06.-21.06. | 774 | 774 | 988 | 929 | 1068 | |
21.06.-28.06. | 836 | 836 | 1050 | 1003 | 1175 | |
28.06.-05.07. | 860 | 860 | 1074 | 1032 | 1175 | |
05.07.-12.07. | 946 | 946 | 1160 | 1136 | 1282 | |
12.07.-19.07. | 983 | 983 | 1197 | 1180 | 1374 | |
19.07.-26.07. | 1057 | 1057 | 1271 | 1268 | 1390 | |
26.07.-02.08. | 1057 | 1057 | 1271 | 1268 | 1390 | |
02.08-09.08. | 1057 | 1057 | 1271 | 1268 | 1390 | |
09.08-16.08. | 1057 | 1057 | 1271 | 1268 | 1390 | |
16.08.-23.08. | 1057 | 1057 | 1271 | 1268 | 1390 | |
23.08-30.08 | 1032 | 1032 | 1246 | 1239 | 1347 | |
30.08-06.09. | 983 | 983 | 1197 | 1180 | 1240 | |
06.09-13.09. | 860 | 860 | 1069 | 1032 | 1176 | |
13.09-20.09. | 552 | 552 | 769 | 663 | 834 | промо |
20.09-27.09. | 479 | 479 | 693 | 575 | 746 | промо |
Цените се дадени по СОБА на 7 ноќи СЕ ВКЛУЧЕНО во еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур. | ||||||
Хотелот располага со 1/2+1 соби и додатен лежај за второ дете, или спие во кревет со родител). | ||||||
1-во дете 2-12 години ГРАТИС. 2-ро дете 2-12 години (спрема ценовник) | ||||||
Автобуски превоз 45 eур возрасни Битола, Прилеп, 50 eур Скопје, Велес, Кавадарци. | ||||||
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 10 еур од редовната цена. | ||||||
Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст. Попустите не може да се комбинирааат. Задолжителна уплата 50%, а остатокот 10 дена пред поаѓање. | ||||||
Програмата се вклучено се состои од 3 оброци со вклучени пијалоци, | ||||||
како и користење на базен, и сите содржини на хотелот. | ||||||
Туристичката такса се плаќа на рецепција. | ||||||
Важат Општите услови за патување на СКТМ. |
Слики
СЛИКИ:
Хотелот вклучува појадок, ручек и вечера како и пијалоци.
Појадокот, ручекот и вечерата се сервирани на база на шведска маса и тоа:
-појадокот се сервира од 8-10 часот по локално време и вклучува сувомеснати производи, млечни производи, леб, јајца салата, мармалад, свежо овошје и слично;
-ручекот се сервира од 13-15 часот по локално време и вклучува избор од 3 топли јадења на база на месо, како и салати, леб, солени намази;
-вечерата се сервира од 19-21 часот по локално време и вклучува избор од 3 топли јадења од кои 2 се на база на месо, леб, солени намази и слично;
-барот покрај базенот служи бесплатни пијалоци од од 10-21 часот, а после 21 часот може да се купи пијалок по редовна цена. Мини барот работи до 24 часот.
Информација околу димензиите на креветите:
-единечен кревет е 75х185 цм
-француски лежај е 120х 185 цм
-помошен крвет е 65х175 цм
Во цената исто има вклучено:
-клима
-паркинг
-интернет
-крпи
-телевизор
-користење на базен
Информација околу времето за сместување и за напуштање на собата
-сместувањето е после 14 часот по локално време
-напуштањето на собата е до 11 часот по локално време
Рецепцијата е отворена 24 часа
Локација
Останато
Останати услови и попусти:
- За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
- Попустите не може да се комбинираат,
- Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
- На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
- Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
- Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
- Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Отказ на резервации:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
- Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
- Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ