You are currently viewing Хотел Бисер – Калишта, Струга 2022

Хотел Бисер – Калишта, Струга

ОПИС:

Струга, градот на мостовите и поезијата, е сместен во југозападниот дел на Република Македонија, покрај Охридското езеро, на бреговите на реката Црн Дрим која го дели градот на два дела. Исклучителната локација на градот, пријатната клима, одличните сообраќајни поврзувања со светот, прекрасните плажи и бројните хотели по крајбрежјето на езерото, заедно со археолошките локалитети на средно вековни цркви и други културни споменици ја прават Струга еден од најважните туристички и културни места за одмор во Република Македонија. Едноставно не е возможно да се посети Струга, а да се остане незаинтересиран за природната убавина, во течението и изворот на Дрим, во старата архитектура и во тесните улички, куќите со галерии и дуќаните со кепенци. Ќе бидете задоволни од локалните луѓе кои ќе ве пресретнат со топло добредојде и ќе направат да се чуствувате како дома.

Хотел Бисер е лоциран на самиот брег на Охридското Езеро и е одалечен само 5 км од Струга и 17 км од Охрид. Сообраќајно е поврзан со околните населени места со патишта, 24 часовна активна врска. Близината на аеродромот овозможува одлична врска со одалечените дестинации. Хотелот по воден пат е поврзан со Охрид, манастирски комплекс Св.Наум и пристаништето во Подградец – Р.Албанија. Хотелот е типичен модел на старо Македонска архитектура која претендира да ги задржи националните архитектонски карактеристики и денес, и покрај притисокот на новите трендови за ентериерска организација. Хотелот Бисер им посакува добредојде на своите гости веќе 30 години со широко отворени врати нудејќи го своето гостопримство, предизвикувајќи чувства на комфорт, релаксација и задоволство.

Активности во Хотел Бисер

  • Дискотека (влез- гратис)
  • Посета манастир Св.Богородица-13 век (на само еден метар од Хотел Бисер)

Собите се опремени со:

  • ТВ приемник
  • Клима уред
  • Дирекна телефонска линија
  • Мини бар
  • Фен за коса

Дополнителни услуги:

  • Перална
  • Сефови
  • Паркинг
  • Масажа (со доплата и закажување) ,Фризура (со доплата и закажување)

ЦЕНОВНИК:

ЦЕНОВНИК ХОТЕЛ БИСЕР   2022

Услуга Еднокреветна Двокреветна Апартман
Ноќевање со појадок(ВВ) 2090мкд 1620мкд 3780мкд
Полупансион(НВ) 2570мкд 1960мкд 4250мкд

Цени се по лице на ден

Цената вклучува:

  • Ноќевање со појадок / полупансион 
  • ДДВ, туристичка такса и осигурување
  • Паркинг
  • Интернет и ТВ

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци
  • Mини бар и пијалок за време на ручек/вечера.

Доплата и попусти:

  • Доплата за дополнително јадење (ручек)  =450.00мкд
  • Деца од 0-3.99 години гратис. ( доплата доколку се користат ресторански услуги)
  • Деца од 4-12 години 50 % од цената на аранжманот.
  • Деца од 13 години полна сума
  • Доплата за трето легло -30 % од цената.
  • Второто лице во апартман има 50% попуст од цената на апартманот, трето и четврто лице имаат 70% попуст од цената на апартманот.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ