Хотел Де Лаго 3* – Охрид   ЛЕТО 2021

Хотел Де Лаго 3* – Охрид

ОПИС:

Локација: Хотел Де Лаго се наоѓа на влезот во стариот град Охрид и нуди пространо и шармантно сместување. Со прекрасната локација во центарот на градот и соби со поглед на езеро, во близина на хотелот ќе најдете добро познати ресторани и кафичи. Пред самиот хотел се наоѓа пристаништето, плоштадот и Охридската чаршија, а до стариот град и познатите цркви Плаошник и Канео се стигнува за неколку минути пешачење.
Соби: Собите се луксузно опремени со ТВ, интернет, клима уред, минибар  и посебни тоалети. Некои соби имаат џакузи и поглед на езеро.
Услуга: Хотелот нуди услуга со вклучен доручек.
Содржини: Пред самиот хотел има ресторан во кој може да уживате во првото утринско кафе со поглед на езеро и одлична храна подготвена со многу љубов.
Плажа: На само 600 метри од објектот се наоѓа најблиската плажа Канео.

ЦЕНОВНИК:

Хотел Де Лаго 3 Ноќевање со појадок
Двокреветна соба (цена по лице) 20€

 

Цената вклучува:

  • Ноќевање со појадок
  • Интернет, ТВ, клима уред
  • Паркинг

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ