You are currently viewing Хотел Дрим Струга-Нова Година 2023

Сместен на самиот брег од Охридското езеро и реката Црни Дрим, во срцето на градот Струга, Хотел Дрим располага со 196 стилски уредени соби и 4 апартмани. Без разлика дали сте на одмор, семинар, свеченост, ние сме тука да ги задоволиме сите Ваши сетила. Собите се дизајнирани согласно Вашите потреби и преференци и може да одберете помеѓу двокреветни, трокреветни супериор соби, или пак еден од нашите пространи апартмани. Воодушевувачки почеток на едно прекрасно гастрономско доживување. Без разлика дали сте гостин во хотелот или сте гостин на свадба,  нашите шефови приготвуваат врвни кулинарски специјалитети кои ги стимулираат сите Ваши сетила.
Распоредот, големината и местоположбата на хотелот овозможува локации за секој тип на гости и во секоја сезона
Аперитив барот е централниот бар кој се наоѓа во лобито на хотелот. Освен што опслужува пијалоци и храна во самото лоби на хотелот, располага и со тераса со капацитет од 90 седишта, со исклучителен поглед на Охридското Езеро.
Плажа барот е поставен на самата плажа пред хотелот. Нуди избор на најмодерни коктели,
смути и освежителни пијалоци. Одличен избор за топлите летни денови.
Камелија барот е поставен веднаш до отворениот базен и е направен за да може да ги опслужи и гостите кои се на отворениот базен и оние кои се наоѓаат на плажа.
Со одличната храна како и преубавиот амбиент, плажата на хотелот е една од најпосетените во градот.
Главен ресторан со капацитет од 500 седишта во софистициран банкет стил, главнот ресторан нуди интернационална храна и тематски вечери за гостите од хотелот сервирани во бифе стил.
Национален ресторан,  во градината на хотелот се наоѓа националниот ресторан Струшки Кепенци кој е а ла карт ресторан. Кујната на ресторанот изобилува со модерни специјалитети приготвени со локални продукти, кои ќе ви овозможат да ја почувствувате уникатноста на македонската традиција.  Со капацитет од 100 седишта во кепенците, но и до 500 седишта во останатиот дел од градината, ресторанот нуди релаксирачка, интимна атмосфера за топлите летни ноќи.

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 3 НОЌЕВАЊА ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 4 НОЌЕВАЊА 
299€ 329€

 

Програма:

  • 30.12.2022  Вечера 19ч со жива музика
  • 31.12.2022 Појадок,дочек со шампајн 20ч, 21ч-05ч Новогодишна гала вечера со жива музика,ДЈ и неограничен пијалок
  • 01.01.2023 Појадок,Ручек од 13-16ч со неограничен пијалок,Вечера 21ч-04ч со жива музика и неограничен пијалок
  • 02.01.2023 Појадок

*Неораничен пијалок(вино тиквеш,локално пиво,тиквеш ракија,коњак,вотка,џин,узо,пелинковац,безалкохолни пијалоци и вода)

Доплати и попусти:

  • 0-2.99г со двајца возрасни бесплатно
  • 3-11.99г со двајца возрасни 50% попуст
  • доплата за еднокреветна соба +50%
  • доплата за трето и четврто лице во соба -30%

 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ