Хотел Епинал – Битола
ОПИС:
Без разлика дали Вашите планови вклучуваат состанок, конвенција или одмор, хотел Епинал ќе Ви понуди сместување во стил, како и професионална, ефикасна и соодветна услуга, притоа нудејќи разновидност на природни убавини кои ќе го направат Вашиот престој исплатлив. Задоволството на клиентите е наш приоритет и сите наши гости можат да уживаат во високо професионална и љубезна услуга со топло гостољубие и насмевка. Секоја од 82-те пространи и удобни соби во хотелот “Епинал” е вкусно украсена со модерен мебел и целосно опремена, со цел да одговори на потребите на современиот патник – сопствена бања, клима уред, фен, радио, кабелска тевевизија и телефон со директен пристап. Нашите функционални соби се идеални за важни состаноци и конференции, презентации, семинари и обуки. Ќе ни биде задоволство да Ви помогнеме со сите припреми,секретарска помош, толкувачи и преведувачи, набавка на аудио-визуелни помагала и опрема за симултан превод. Имаме можност за сместување на лица со посебни потреби во специјални, целосно опремени простории. Модерно дизајнираниот ресторан “Градска Кафеана” Ви нуди прекрасни јадењa за бизнис ручеци, романтични вечери, закуски пред и по одење на театар и специјални прилики. Прекрасната атмосфера е надополнета од храната која е одлична, а персоналот е извонреден. Ресторанот “Градска Кафеана” Ви нуди широк спектар на избор: целосно a la carte мени, сезонски специјалитети, избор на морска храна, современи интернационални и македонски менија со висок квалитет, а винската листа се издвојува со над триесет внимателно одбрани вина. Уживајте во неограниченото користење на целосно опремениот Фитнес центар кој содржи програми и машини за зајакнување на телото и кардиоваскуларна опрема.
ЦЕНОВНИК:
-
Еднокреветна соба: 2.015 денари
-
Двокреветна соба: 1.510 денари
Цената вклучува:
- Ноќевање со појадок
- Туристичка такса и ДДВ
Цената НЕ вклучува:
- Превоз
- Индивидуални трошоци
Доплата и попусти:
- Пансионски оброк – 427 денари по лице / по оброк
- Деца од 0-6 години – бесплатно
- Деца од 6-12 години на дополнително легло – 50% од цената
СЛИКИ:
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.