Hotel Fafa Premium 5* – Драч, Албанија
  • Post category:ДРАЧ

Hotel Fafa Premium 5* – Драч, Албанија

ОПИС:

Локација: FAFA Premium се наоѓа во областа на „Пишат е Бута“ / Мали и Робит, Каваје – 15 км од центарот на градот Драч – 8 км од центарот на градот Каваја и 35 км од меѓународниот аеродром во Тирана. Сместено во близина на Јадранско Море, со своја приватна плажа, нуди привилегирани можности за оние кои сакаат да доживеат уникатен одмор со сите бои и шанси на природата

Соби: Собите се украсени со елегантен стил со неутрални бои и опремени со модерен мебел. Сите соби имаат поглед кон море или кон копно и се комплетно опремени со: клима, минибар, сеф, ТВ ЛЦД, клучна картичка и фен. Располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите на хотелот. 

Услуга: Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ).

Содржини: Хотелот располага со главен ресторан кој нуди All Inclusive услуга каде традиционалната и европската кујна се комбинираат заедно,бар на самата плажа, бар на базен, 2 отворени базени за возрасни и деца, мини клуб за деца, конференциска сала, игралиште и приватен паркинг.

Плажа: Хотелот располага со сопствена плажа, има лежалки и чадори. 

ЦЕНОВНИК: 

Зафатеност \ Тип на сместување Се вклучено
Мај 2021 Јуни 2021 Август 2021 Септември 2021 Јули 2021
Еднокреветна соба 77€ 85€ 102€ 85€ 102€
Двокреветна стандард соба (цена по лице) 45€ 50€ 60€ 50€ 60€
Дете 0-5,99 години гратис / / / / /
Дете 6-11,99 години 23€ 25€ 30€ 25€ 30€
Второ дете 0-1.99 гратис / / / / /
Второ дете 2-11.99 23€ 25€ 30€ 25€ 30€

Цената вклучува:

  • Ноќевање со  полнпансион (Појадок, Ручек, Вечера)
  • Неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 -22:00
  • СПА центар
  • Лежалки и чадори
  • Паркинг и wi-fi

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци
  • Туристичка такса 1 евро по лице на ден

Доплати и попусти:

  • Прво дете 0-5,99 бесплатно,
  • прво дете 6-11.99 50% попуст од цената за возрасен,
  • Второ дете 0-1.99 бесплатно,
  • второ дете 2-11.99 50% попуст од цената за возрасен.

СЛИКИ:  

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • за отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ