You are currently viewing Хотел Flora Suites 3+* – Кушадаси, 2024

Положба: Flora Suites хотелот е лоциран на 700 метри од најдолгата песочна плажа во Кушадаси Long Beach. Хотелот располага со свој приватен дел на плажата. Овој хотел се наоѓа на околу 6 километри оддалеченост од центарот на градот.

Сместување: Хотелот е категоризиран со 3+* и располага со вкупно 104 соби (49 Standard rooms, 55 Family rooms) . Сите соби располагаат со сопствен балкон, минибар, сопствена бања (туш, тоалет, фен за коса), ТВ, телефон, сеф, клима уред, бесплатна Wi- Fi конекција.

Услуга: Хотелот е на база All Inclusive (појадок, ручек и вечера – шведска маса). Хотелот располага со еден ресторан кој нуди опција за јадење во затворен и отворен простор. Гостите имаат можност секојдневно да уживаат во разновидните јадења кои се служат во ресторанот на овој хотел. Flora Suites хотелот исто така располага со два барови (Lobby Bar, Pool Bar)

Бесплатни услуги: Користење на ресторанот и баровите, превоз до плажа, лежалки , чадори  на плажа како и во областа покрај базенот, користење на базените, Aqua Park, тениско игралиште, кошарка, мини-голф,одбојка,игралиште за деца, билијард, паркинг, анимација (дневна и вечерна).

Услуги со доплата: Алкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, сервис за перење на алишта, минибар, телефон и факс, сеф, медицински услуги, собни услуги, водени споротови.

Содржини: Хотелот располага со еден ресторан, два барови, два базена, детски базен, сопствена плажа, Aqua Park, градина, тераса, тениско игралиште, кошарка, мини-голф, одбојка, игралиште за деца, билијард, паркинг, услуги на медицински установи, услуга за организирање на туристички факултативи, анимација (дневна и вечерна).

Плажа: Хотелот располага со своја приватна плажа која е дел од една од најубавите песочни плажи во Кушадаси. Плажата е исто така препознатлива по чистата тиркизна вода. Плажата располага со чадори и лежалки. Во близина на плажата се наоѓаат безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, барови, водени споротви, кабини за пресоблекување и тоалети.

Спорт и забава: Водени спортови, Aqua Park, билијард, тенис, кошарка, мини-голф, одбојка на плажа, игралиште за деца, анимација (дневна и вечерна).

ЦЕНОВНИК

10% ПОПУСТ
за термините во Јули, Август и Септември за целосна уплата до 15ти Март!

ТЕРМИН АРАНЖМАН 10 НОЌИ
01.06-11.06 299 eur
06.06-16.06 319 eur
11.06-21.06 379 eur
16.06-26.06 389 eur
21.06-01.07 399 eur
26.06-06.07 399 eur
01.07-11.07 477 eur
06.07-16.07 477 eur
11.07-21.07 477 eur
16.07-26.07 489 eur
21.07-31.07 489 eur
26.07-05.08 489 eur
31.07-10.08 489 eur
05.08-15.08 489 eur
10.08-20.08 489 eur
15.08-25.08 489 eur
20.08-30.08 489 eur
25.08-04.09 477 eur
30.08-09.09 466 eur
04.09-14.09 399 eur
09.09-19.09 389 eur
14.09-24.09 379 eur

За дете до 5.99 години: 80 eur.
За деца од 6 до 11.99 години: -20% попуст.

Аранжманот вклучува 10 ноќевања, превоз, појадок, ручек и вечера – шведска маса.
Ограничен број на соби.

Само превоз Скопје – Кушадаси
Возрасни:
Повратен билет 150 eur
Билет во еден правец: 120eur

Деца до 11.99 години:
Повратен билет 120 eur
Билет во еден правец: 80eur

УСЛОВИ

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот .
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Патниците стриктно да се придржуваат до протоколите пропишани за превоз во автобус.
  • Доколку некој биде вратен од граница поради неисправни документи, агенцијата не сноси никаква одговорност и парите нема да бидат вратени на клиентите.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Отказ на резервација:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ