You are currently viewing Хотел Гранд Голд 3* – Кумбургаз 2023

Хотел Гранд Голд 3* – Кумбургаз 2023

ОПИС:

На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујукчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.
Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете хотели со 3, 4 и 5*, ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.

Сместување е во хотел GRAND GOLD 3* и е на сама плажа во Кумбургаз, кој има своја приватна плажа и за користење на лежалка не е потребна доплата. Хотелот располага со различен тип на соби од кои можат да се сместат најмалку 2 лица до макс. 5 лица а вкупниот број на соби е 73. Во склоп на хотелот има два ресторани и надворешен базен кој е со солена вода секако бесплатен за користење. Во хотелските соби има мини фрижидер. Хотелот нема спа и фитнес.

ЦЕНОВНИК:

Поаѓање и враќање Редовна цена Промо цена
06.06-13.06.2023 169е 145е
13.06-20.06.2023 179е 155е
20.06-27.06.2023 189е 165е
27.06-04.07.2023 198е 175е
04.07-11.07.2023 208е 185е
11.07-18.07.2023 219е 195е
18.07-25.07.2023 230е  205е
25.07-01.08.2023 241е 215е
01.08-08.08.2023 237е 210е
08.08-15.08.2023 237е 210е
15.08-22.08.2023 237е 210е
22.08-29.08.2023 237е 210е
29.08-05.09.2023 215е 195е
05.09-12.09.2023 205е 185е
12.09-19.09.2023 195е 175е
19.09-26.09.2023 169е 149е

Цени во евра по лице и термини за цело лето

Што е вклучено во цената

  • Седум ноќевања во хотел Grand Gold 3* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
  • Автобуски превоз
  • Бесплатни лежалки
  • Користење на базен
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново),Неготино,Гевгелија, Прилеп, Битола
  • Користење Wi-Fi во лоби на хотел

Што не е вклучено во цената

  • Туристичка такса од 0.5€ на ден од лице (се плаќа во автобус)
  • Патничко осигурување (1 евро од ден)
  • Факултативни излети.

СЛИКИ:

НАПОМЕНИ:

  • Хотелот е на барање. За ова понуда не се користат вредносните ваучери за откажаните аранжмани.
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажена
  • За влез во република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплаќа 50% дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Деца од 3 до 11,99 години придружувани само со еден родител,аранжманот го плаќа 100%
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија или Грција (дозволен транзит) до Турција
  • За влез во Турција потребно е пасошот да е минимум до 6 месеци пред истекување.
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново),Гевгелија,Неготино, Прилеп, Битола.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и ТА С-ТРАВЕЛ