Хoтел Jenny – Сивири

Сивири e мало крајбрежно место на западната страна од полуостровот Касандра. Во последните неколку години, тоа прерасна во развиена културна и туристичка дестинација. Во ова место, освен бројните сместувачки капацитети се наоѓаат и мноштво таверни во кои се служи свежа риба, морски плодови и традиционална скара. Главната културна атракција во Сивири, е обновениот амфитеатар познат и по својата врвна акустика. Со него и самото место, секое лето е домаќин на познатиот фестивал кој привлекува илјадници посетители. Добро организираната плажа е препознатлива по белиот песок совршен за сончање, а на истата можат да се изнајмат и повеќе чадори и лежалки за одмор. Морето е плитко и идеално за безбедно капење. Во Сивири има доволно маркети и проавници, а најблиската банка, аптека и здравствен центар се оддалечени само 5км, во блиската Касандрија.

Хотелски содржини: рецепција, ресторан, отворен базен, детски базен, бар покрај базен (pool bar), snack бар, бежичен интернет (wi-fi), лежалки и чадори покрај базен, паркинг.

Опис: Хотелот Jenny се наоѓа на околу 200м. одалеченост од прекрасна песочна плажа, околу 50м. од центарот на Сивири. Во близина на хотелот се наоѓа автобуска станица и супер маркет. Хотелот располага со голем и уреден двор низ кој се распределени неколку сместувачки објекти со 37 соби. На гостите им е овозможено користење на базен, лежалки и чадори покрај базенот кои се бесплатни за користење, бар покрај базенот кој на гостите им нуди можност за освежување, рецепција, реновиран ресторан, бежичен интернет (wi-fi), паркинг…

 

Цените се дадени пo лице за 7 пoлупансиoни вo евра без пoпуст

 

Периoд

 

 

Нoќевања

По лице во 1/4 стандард соба По лице во 1/4 дуплекс
19.05-26.05.2018 7 160 160
26.05-02.06.2018 7 190 210
02.06-09.06.2018 7 220 240
09.06-16.06.2018 7 250 275
16.06-23.06.2018 7 275 300
23.06-30.06.2018 7 295 325
30.06-07.07.2018 7 320 350
07.07-14.07.2018 7 340 375
14.07-21.07.2018 7 370 400
21.07-28.07.2018 7 370 400
28.07-04.08.2018 7 370 400
04.08-11.08.2018 7 370 400
11.08-18.08.2018 7 370 400
18.08-25.08.2018 7 340 375
25.08-01.09.2018 7 290 320
01.09-08.09.2018 7 260 285
08.09-15.09.2018 7 220 240
15.09-22.09.2018 7 200 220

 

Напомена:
Цените се дадени по лице и се однесуваат за услуга Полупансион за број на ноќевања дадени во
табелата.
Прво и второ дете од 0 до 13,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
Прво и второ дете од 14-15,99 г. со двајца возрасни на редовно легло плаќаат по 30 % од цената во
табелата.
Трет и четврт возрасен над 16 години, плаќаат по 50% од цената во табелата.
Сместување во собите е после 14 часот по локално време а напуштање на собите е до 10 часот по
локално време.

Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Дoплата за туристичка такса 1,5 € пo сoба на ден (се плаќа вo oбјектoт).

Во цената е вклучено: Ноќевање, клима уред и wi-fi.

Во цената не е вклучено: Превоз, патничко осигурување.

Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики (секоја недела):

  • 03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес– 40€ по лице
  • 04:00 h Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице
  • 04:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 35€ по лице
  • 05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице
  • 05:00 h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово –  40€ по лице
  • 05:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице
  • 06:00 h Граничен премин(бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики:

  • 04:00 h Битола (Автобуска станица Транскоп) – 30€ по лице
  • 03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола – 30€ по лице
  • 02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола – 35€ по лице
  • 02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
  • 02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
  • 03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 30€ по лице

– Деца oд 2 до 11,99 години: Попуст 10€ од редпвната цена за поаѓањата од Скопје,
                                                      Попуст 15€ од редовната цена за поаѓањата од Битола,
– Деца од 1,99 години: бесплатно
– Возрасни лица над 63 години – Попуст 10€

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител,
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Важат Општите услови на Т.А. С-Травел.

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

 

 

 

Затворете мени