You are currently viewing Хотел Кеопс 4* – Битола

Хотел Кеопс 4* – Битола

ОПИС:

Хотел Кеопс е нов, модерен и атрактивен хотел, кој ќе Ве освои со својата едноставност, комфор и елеганција. Далеку од дома е дом каде ќе бидат исполнети сите Ваши желби и потреби.  На само 4 минути од центарот на конзулска Битола, нашиот тим ќе се потруди Вашиот престој да биде незаборавен, а спомените исполнети со желба за повторна средба.

ЦЕНОВНИК:

Пакет бр. 1
Ноќевање со појадок (ВВ) и обезбеден превоз на гостите до нашите ски центри Копанки и Нижополе во двата правци.
Цената е 1710  денари по лице во двокреветна соба
 
Пакет бр. 2
Ноќевање со појадок и вечера (НВ) и обезбеден превоз на гостите до нашите ски центри Копанки и Нижополе во двата правци.
Цената е 2150 денари по лице во двокреветна соба.
 
  • Превозот го организира Хотел Кеопс & Спа по договор со гостите.
  • Според протоколите за заштита од COVID-19 оброците се служат индивидуално т.е Ала карт.
  • Цената на апартманите е за едно ноќевање независно од бројот на гости во апартманот од 1-5 лица.

Цената вклучува:

  • Ноќевање со појадок
  • Превоз на гостите до ски центри Копанки и Нижополе во двата правци
  • Спа Центар (детски базен, голем базен и сауна)
  • Паркинг за 150 возила и 2 автобуси
  • Користење на професионален фитнес центар
  • Оптички интернет низ целиот хотел (WiFi)
  • Кабловска ТВ
  • Климатизирани соби
  • Туристичка такса

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплата:

  • За деца до 6 години бесплатно
  • За деца од 7 до 12 години се наплаќа 70% од цената
  • За деца над 12 години се наплаќа целосната цена дадена во табелата

Напомена:

  • Сместување по 14:00 ч. (локално време)
  • Напуштање до 10:00 ч. (локално време)
  • Цените НЕ ВАЖАТ за национални и верски празници, семинари, конгреси…

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ