You are currently viewing Хотел Конак 4* 2024 – Попова Шапка

Хотел Конак 4* – Попова Шапка

ОПИС

Конак е модерен планински објект базиран на традиционален изглед. Особено задоволство ќе Ви овозможи ентериерот на објектот во комбинација на дрво и камен со камин и отворен поглед на скијачките терени. На платото пред објектот се наоѓа голема тераса која има јужна ориентација и доста погодна за престој во текот на зимската сезона поради големиот број сончеви денови кои се главна одлика на скијачкиот центар Попова Шапка.
На своите гости им нуди : 16 соби, ресторан, ски кафе, конференциска сала, сауна, интернет и тв, ски и сноуборд школа, ратрак и моторни санки

Хотел КОНАК 4*
Цени валидни за 2024

Период 01.05.2024-31.10.2024
Ноќевање со појадок во хотелска соба 20€
Ноќевање со појадок во соба со заеднички тоалет 15€

 Дадените цени се по лице за 1 ноќевање и вклучуваат :

  • Појадок
  • Користење на сауна
  • Интернет
  • Паркинг

Доплата и попусти :

  • Деца до 5.99 год. со 2 возрасни – бесплатно
  • Деца од 6-12години кои користат сопствен кревет- 50% попуст
  • За деца до 12год не се пресметува туристичка такса
  • Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ