You are currently viewing Хотел Кратис 4* – Кратово

Хотел Кратис 4* – Кратово

ОПИС:

Хотел Кратис се наоѓа во центарот на градот Кратово прочуен како град на кулите и мостовите. Кратово претставува идеално место излез од секојдневието и уживање во опуштена атмосвера како и за запознавање на типичната староградска македонска архитектура преку организирани прошетки и посета на локалните знаменитости со културно историско значење.

Сместувачки капацитет:  Хотелот располага со 30 соби , (25 во хотелот, 5 соби во депандансот кој се наоѓа на 50м оддалеченост од хотелот).

Структура на соби во хотелот : 15 соби со француски лежај,  4 соби со раздвоени кревети, 2 апартмани со брачен лежај и можност за помошен лежај и  4 еднокреветни соби.

Структура на соби во депандансот: 5 двокреветни соби, плус можност за помошен лежај. Собите се опремени со бања, лцд тв, кабелска телевизија, бежичен интернет, клима уред, мини бар како и современ мебел со исклучително ниво на комфор и удобност.

Хотелот располага со: Голем ресторан погоден за секаков на вид забави со капацитет од 310 души, помал ресторан со капацитет од 70 места и банкет сала со капацитет од 20 места за организирање на Вип состаноци, бизнис ручеци и деловни собири,како и прекрасна тераса со капацитет од 60 места со поглед и чист планински воздух.

Дополнителни услуги:По ваш избор секторот за анимации на Хотел “Кратис” може да ви организира свечена вечера со музика во ресторанот на хотелот или на отворената тераса,традиционална македонска вечер во националниот ресторан “Гурман “ кој работи во рамките на хотелот и се наоѓа на 50м од далеченост од хотелот,презентација на македонски фолклор и за време на вечерата,пиво парти во англискиот  паб ”Корнер” кој исто се наоѓа на 50м оддалеченост од хотелот “Кратис”, организирање на посета со водич на културни знаменитости и природни реткости.

ЦЕНОВНИК:
(Цените се дадени по ЛИЦЕ на ден)

  Ноќевање со доручек Полупансион Полнпансион
Индвидуални посети 20€ 24€ 28€
Групни посети 18€ 22€ 26€

Цената вклучува:

  • Ноќевање со појадок/ полупансион / полнпансион
  • ДДВ и туристичка такса
  • WI-FI

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплата:

  • За еднокреветна соба +50%
  • Деца до 5.99 год  ГРАТИС
  • Деца од 06-11.99 год  плаќат 50% од цената на возрасен

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ