Хотел Лоџ 3* – Маврово

Хотел Лоџ 3* – Маврово

ОПИС:

Хотелот Лоџ е сместен во подножјето на планината Бистра, близу до Мавровското езеро и три жичари, кои водат до прекрасните скијачки терени. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година и се наоѓа во самиот центар на ски-центарот Маврово, неколку метри од трите жичари. Хотелот Лоџ ги нуди сите услуги на еден лускузен ски хотел.

ЦЕНОВНИК:

ЦЕНОВНИК ОД 15.12.2020

НЕДЕЛА-ЧЕТВРТОК ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА 42ЕУР
  ДВООКРЕВЕТНА СОБА 60ЕУР
ПЕТОК-САБОТА ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА 56ЕУР
  ДВООКРЕВЕТНА СОБА 80ЕУР

 

ПЕРИОД ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА ДВОКРЕВЕТНА СОБА
30.12.20-01.01.21/ 14.02.21-16.02.21 75еур 105 еур
02.01.2021-15.01.2021 56еур 80 еур

Цената вклучува:

  • Полупансион (појадок и вечера),
  • Бесплатен интернeт
  • Бесплатен паркинг
  • Туристичка такса
  • 20% попуст на дневната ски карта
  • Употреба на спа (внатрешен базен, турска бања и џакузи во Хотел Бистра и Хотел Лоџ)

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплата и попусти:

  • Дете до 6,99год – бесплатно,
  • Дете од 7-11,99год – 50% попуст од цената на возрасен,
  • Дете од 12год и нагоре, се пресметува како возрасен.
  • Доплата за дополнителен оброк (ручек) 7еур по лице на ден
  • Доплата за 3то возрасно лице – 40% попуст нацената на возрасен
  • Касно одјавување од хотел до 18часот – 40% од регуларната цена по ноќ

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ