You are currently viewing Хотел Монтана 4*- Крушево 2024

Хотел Монтана 4* – Крушево

Крушево е популарна туристичка дестинација со значајна историја. Има бројни историски знаменитости, сведок на првиот краток обид за демократија на Балканот.Најпоследните достапни документи потврдуваат дека Крушево е за прв пат спомнато во 1767 година како мезра (место без популација кое што понекогаш е населувано и подоцна миггрирано, или никогаш не било населено, но требало да биде дадено во сопственост на земјопоседник со цел да се насели) во сопственост на земјопоседникот Хусеин Бег, заедно со Прилеп и другите села. Има и други Турски и други извори кои што тврдат дека Крушево постоело како населба долго пред 18ти век. Изгледа дека првите жители на Крушево биле Македонци кои што го дале името на оваа населба. 

ОПИС:

Хотел Монтана Палас има 77  прекрасни соби за сместување, опремени да ги задоволат потребите на современиот турист. 77 соби од различен тип, со извонреден поглед над Крушево.
Повеќето од нашите соби гледаат врз Крушево од висока точка, произведувајќи спектакуларен поглед врз градот кој што наликува на гнездо, изграден од естетски освестените предци за време на Отоманската Империја.
Користењето на Интернет е 100% бесплатно, без лимит на брзина, и без лимит на спуштање или прикачување, низ нашето брзо WiFi со добра покриеност низ целиот хотел.

ЦЕНОВНИК 2024

Пролетен Распуст

Пакет за минимум 3 ноќевања со појадок/полупансион/пансион

Двокреветна соба за 3 ноќевања со појадок 128 еур
Двокреветна соба 3 ноќевања, полупансион 189 еур
Двокреветна соба 3 ноќевања, полн пансион  250 еур

Трокреветна соба 3 ноќевања со појадок 153 еур
Трокреветна соба 3 ноќевања, полупансион 245 еур
Трокреветна соба 3 ноќевања, полн пансион 337 еур

Фамилијарен апартман (со две спални) 3 ноќевања со појадок 204 еур
Фамилијарен апартман (со две спални) 3 ноќевања, полупансион 326 еур
Фамилијарен апартман (со две спални) 3 ноќевања, полн пансион 449 еур

Цената вклучува:

  • Ноќевање на база појадок / полу пансион /пансион
  • Безалкохолен пијалок и кафе за појадок
  • Туристичка такса
  • Wi-Fi

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплата и попусти :

  • Деца од 0-2,99г. – бесплатно
  • Деца од 3-5,99г. – 50% од цената
  • Деца од 6-9,99г. – 80 % од цената

Додатни простори на располагање:

  • Мала Просторија за Состаноци
  • Конгресна Сала во Крушево
  • Мала канцеларија за бизнис настани
  • Хотелски Паб со камин
  • Голема просторија за состаноци
  • Летна лоби тераса
 

СЛИКИ:

Организирање на Тим билдинг.

Ако имате само два дена за вашите вработени го имаме вистинскиот продукт за вас. Ова е интензивен тим билдинг пакет каде секоја минута е значајна во патот кон подобар тим и повеќе забава. 
Вашиот тим заслужува тајмаут, на локација каде што може да се одмори, да научи нешто ново и да стане посилен.

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ