Хотел Мостар 3* – Ајвалик 2025
ОПИС
Hotel Mostar 3* е економичен хотел кој ги има освоено сите симпатии на гостите поради својата добра услуга, внимание и љубезноста на персоналот. Оддалечен е од плажата само 30 m и 300 m од центарот. Хотелот поседува приватен дел на плажата, уреден со лежалки и чадори и за гостите се вклучени во цената. Во понуда се 40 соби, климатизирани, со две или три легла и имаат телефон, сателитска ТВ, фен, мини бар, балкон. Услугата е на база полупансион, а ручек може да се уплати директно во хотелот.
ЦЕНОВНИК
Месеци | Термини | Редовна цена | Цена со попуст до 31.03.2025 |
Jуни | 13.06-21.06.2025 (7 ноќи) | 345 € | 325 € |
20.06-28.06.2025 (7 ноќи) | 365 € | 345 € | |
Јули | 27.06-07.07.2025 (9 ноќи) | 455 € | 435 € |
Септември | 29.08-06.09.2025 (7 ноќи) | 415 € | 395 € |
05.09-13.09.2025 (7 ноќи) | 395 € | 375 € | |
12.09-20.09.2025 (7 ноќи) | 365 € | 345 € |
Во цената е вклучено:
- Автобуски превоз Македонија-Aјвалик-Македонија
- Сместување во хотел 7 ноќи или 9 ноќи (термини според табелата)
- Појадок и Вечера (богата шведска маса)
- Користење на базент
- Лежалки и чадори на плажа.
НАПОМЕНА
- Цените се наведени за пакет аранжман (автобуски превоз и хотелско сместување на база – појадок и вечера – шведска маса)
- Цените се дадени по лице во дво креветна и трo креветна соба.
- Курс на пресметување 1 еур = 62 ден.
- Политика за деца за пакет аранжман :
- Деца од 0 – 5,99 год. – Бесплатно сместување во хотел. ( Повратен автобуски билет 80 eur).
- Деца од 6 – 11,99 год. – 30% попуст од вкупната цена.
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- За single соба се доплаќа дополнителни 50% од аранжманот
- Организиран бесплатен превоз од: Скопје, Велес, Градско, Неготино, Гевгелија.
СЛИКИ
Отказ на резервација:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.