Hotel New York 4* – Валонa, Албанија

Hotel New York 4* – Валона, Албанија

ОПИС:

Локација: Хотелот е сместен на приватна плажа со камчиња на Јадранското Море, овој хотел е оддалечен 5 км од центарот на Валона.
Хотел New York е на 3 минути пешачење од локалната автобуска станица и бесплатен приватен паркинг се наоѓа на лице место. Аеродромот во Тирана е на околу 2 часа возење од Валона.

Соби: Сите соби во хотелот имаат балкон со поглед на море или планина. Собие се премени со ЛЦД-сателитска ТВ, минибар, клима уред и сеф. Бањите се опремени со када или туш кабина и фен.Бесплатен Wi-Fi е достапен низ целиот имот.

Услуга: Гостите можат да го започнат својот ден со појадок кој е вклучен во цената секое утро. Хотелот располага со ресторан и бар на лице место, пицерија, паркинг,надворешен базен и приватна плажа.

Содржини: Хотелот располага со рецепција, бар, ресторан и пицерија. Исто така располага со надворешен базен, градина со тераса.

Плажа: Хотелот располага со прекрасна приватна плажа со камчиња.

ЦЕНОВНИК:

Зафатеност \ Тип на сместување Ноќевање со појадок
01 Јуни – 15 Септември 16 Септември – 31 Мај
Еднокреветна соба 58€ 46€
Супериор еднокреветна соба 69€ 55€
Двокреветна стандард соба (цена по лице) 33€ 27€
Супериор Двокреветна соба (цена по лице) 39€ 30€
Deluxe двокреветна соба (цена по лице) 49€ 43€
Junior suit 98€ 86€
Family Suite (цена по соба) 109€ 92€

 

Цената вклучува:

  • Ноќевање со појадок

Цената НЕ вклучува:

  • Во цената не е вклучена туристичка такса од 1 € по лице на ден.
  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплати и попусти:

  • Дете од 0 до 5 год. – бесплатно
  • Дете од 5 до 12 год. -12€  од ноќ

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!
  • Заради моменталната ситуација со Ковид-19 цените подлежат на промени.  

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • За отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • За отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • За отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • За отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ