You are currently viewing Хотел Шатор 3* – Битола  2022

Хотел Шатор 3* – Битола

ОПИС:

Хотелот Шатор се наоѓа во југозападниот дел од Р.Македонија, лоциран во просторот помеѓу градот Битола и Националниот Парк Пелистер на самиот почеток подпелистерското село Трново, на надморска височина од 850 метри, сместен во сопствена раскошна зелена градина од брези и елови дрва. Хотелот е поврзан со сообраќајна врска на патот кој го поврзува градот Битола и Националниот Парк Пелистер на растојание од 6 километри од центарот на градот Битола и 5 километри од магистралниот пат м-5 помеѓу Битола и Охрид, додека растојанието до аеродромот во Охрид изнесува 70 километри а 180 километри до аеродромот во Скопје што секако од друга страна е незначителна оддалеченост за вљубениците во здравата еколошка средина, чистиот воздух, мирот и тишината далеку од урбаните средини.
Хотелот во моментот располага со 13 луксузно уредени хотелски соби (двокреветни соби со помошни хотелски кревети и супериор соби), складно разместени на првото ниво на хотелот со поглед на градот Битола од источната страна и со поглед на планината Пелистер на југозападната страна каде што во текот на целиот ден комплетниот хотелски капацитет е осветлен со пријатното планинско сонце во сите временски сезони. Хотелот располага ексклузивна ресторантска сала, атрактивна летна тераса и со една ВИП сала со капацитет од 40 гости која е опремена со неопходна и современа техничка апаратура и бар во непосредна близина, ресторан со летна тераса со се вкупен капацитет до 260 ресторантски седишта (од кои ресторанот е со капацитет од 140 седишта, а терасата од 120 седишта).Во склоп на ресторанот функционира добро опремена професионална кујна која што секогаш е подготвена професионално да излезе во пресрет на сите барања и желби од страна на гостите, со можност да уживаат во врвните мајстории на гастрономите кои подготвуваат секакви видови специјалитети посебно од македонската национална кујна но и специјалитети на други кујни.

Опис на соби: телефон во сите соби, мини бар, кабловска телевизија, безжичен интернет
Опис на хотелски капацитети: паркинг, сала за семинари и состаноци, ресторан,

ЦЕНОВНИК:
(Цените се дадени по соба на ден)

Тип на соба  Цена за 1 лице Цена за 2 лица Цена за 3 лица Цена за 4 лица
 ,,CLASSIC” 103, 104, 105, 110, 111,112   1.840,00 2.460,oo    /     /
,,COMFORT”  101. 106.107, 108    2.140,00 2.760,00 3.200,oo    /
 ,,FAMILY”     102, 109, 113,   2.460,oo 3.690,oo 3.870,00 4.240,oo

CHECK IN   ……..  13.00 h
CHECK OUT …..   12.00 h

Цената вклучува:

  • Ноќевање со доручек
  • Туристичка такса
  • Паркинг
  • Wi-Fi

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплата:

  • Пансионски ручек или вечерa –  7 евра
  • Дневен престој до 18.00h – classic room – 26 евра
  • Дневен престој до 18.00 h – comfort room  – 30 евра
  • Деца до 6 години во кревет со родителите – бесплатно
  • Деца од 6 до 12 години – 50% од цената
  • За група над 15+ лица –  на секој 15ти + 1 гратис 

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ