You are currently viewing Хотел Sentinus – Кушадаси, 2024

Положба: Sentinus хотелот е лоциран на најдолгата песочна плажа во Кушадаси  Long Beach. Хотелот располага со свој приватен дел на плажата кој е бесплатен за гостите кои престојуваат во хотелот. Овој хотел се наоѓа на околу 10 километри оддалеченост од центарот на градот и на 5 километри оддалеченост од плажата Ladies Beach.

Сместување: Хотелот располага со вкупно 102 соби. Сите соби располагаат со сопствен балкон, минибар, сопствена бања (туш, тоалет, фен за коса), ТВ, телефон, сеф, клима уред.

Услуга: Хотелот е на база All Inclusive (појадок, ручек и вечера – шведска маса). Хотелот располага со внатрешен и надворешен ресторан. Гостите имаат можност секојдневно да уживаат во разновидните јадења кои се служат во ресторанот на овој хотел. Хотелот исто така располага со два бара ( Beach Bar  и Pool Bar )

Бесплатни услуги: Користење на ресторанот и Pool барот, интернет во лоби, лежалки , чадори на плажа како и во областа покрај базенот, користење на базенот, анимација. 

Услуги со доплата: увозни пијалоци, алкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, минибар, масажи, телефон, телефакс, сеф, користење на Beach Bar.

 Содржини: Хотелот располага со еден ресторан, два бара, еден базен, сопствена плажа, градина, тераса,  игралиште за деца, паркинг, услуги на медицински установи, услуга за организирање на туристички факултативи, анимација (дневна и вечерна).

Плажа: Хотелот располага со своја приватна плажа која е  препознатлива по својата чиста тиркизна вода. Плажата располага со чадори, лежалки. Во близина на плажата има безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, барови, водени споротви, кабини за пресоблекување и тоалети.

Спорт и забава: Водени спортови,  одбојка на плажа, игралиште за деца, анимација (дневна и вечерна).

Хотелот е на база ALL INCLUSIVE.

ЦЕНОВНИК

10% ПОПУСТ
за термините во Јули, Август и Септември за целосна уплата до 15ти Март!

ТЕРМИН АРАНЖМАН 10 НОЌИ
01.06-11.06 379 eur
06.06-16.06 389 eur
11.06-21.06 399 eur
16.06-26.06 429 eur
21.06-01.07 439 eur
26.06-06.07 455 eur
01.07-11.07 559 eur
06.07-16.07 559 eur
11.07-21.07 559 eur
16.07-26.07 559 eur
21.07-31.07 559 eur
26.07-05.08 559 eur
31.07-10.08 559 eur
05.08-15.08 559 eur
10.08-20.08 559 eur
15.08-25.08 559 eur
20.08-30.08 559 eur
25.08-04.09 455 eur
30.08-09.09 455 eur
04.09-14.09 455 eur
09.09-19.09 439 eur
14.09-24.09 429 eur

За дете до 5.99 години: 80 eur.
За деца од 6 до 11.99 години: -20% попуст.

Само превоз Скопје – Кушадаси
Возрасни:
Повратен билет 150 eur
Билет во еден правец: 120eur

Деца до 11.99 години:
Повратен билет 120 eur
Билет во еден правец: 80eur

УСЛОВИ

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот .
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Патниците стриктно да се придржуваат до протоколите пропишани за превоз во автобус.
  • Доколку некој биде вратен од граница поради неисправни документи, агенцијата не сноси никаква одговорност и парите нема да бидат вратени на клиентите.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Отказ на резервација:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ