Хотел Скардус 4* – Попова Шапка

Хотел Скардус 4* – Попова Шапка

ОПИС:

Попова Шапка, туристички центар лоциран на најубавиот дел на Шар планина, е едно од најголемите и најубавите ски-центри во Македонија, кој се наоѓа на над 1800м надморска височина и се карактеризира со голем број на планински врвови над 2500м надморска височина. Се наоѓа на околу 18 км од Тетово и околу 65 км од Скопје.

Хотелот Скардус нуди релаксација и удобност во сите сезони. Зимската убавина, фасцинантната природа, свежината на летото даваат прекрасна и релаксирачка панорама. Хотелот со 4 sвезди нуди пријатна атмосфера, при што големо внимание се посветува на испреплетеноста на модерното и традиционалното. Хотел Скардус нуди висококвалитетни услуги со капацитет од 140 кревети, организирани во повеќе типови стандардни и апартмани, каде 2 ВИП Апартмани се опремени со сауна.
Посебно внимание се посветува на ресторанот, каде можете да се послужите со различна храна со висок квалитет и одличен вкус. Покрај ресторанот, барот и две конференциски сали, кои се опремени со сите професионални услови за одржување состаноци, семинари и конференции, хотелот располага и со Спа центар со два базени (за возрасни и деца), три сауни и фитнес центар. Масажи се нудат на барање.

ЦЕНОВНИК:

Цени валидни за период на престој до 31.10.2020

Тип на услуга Цена
Полупансион 26€
  • Цените се по лице за 1 ноќевање

Цени валидни за период на престој : 01.11-20.12.2020

Тип на услуга Цена
Полупансион 34€
  • Цените се по лице за 1 ноќевање

Цени валидни за период на престој : 04.12-08.12.2020

Полупансион Цена
2 ноќевања 4.216 ден.
3 ноќевања 6.324 ден.
4 ноќевања 8.432 ден.
  • Цени се по лице за 2, 3 или 4 ноќевања!!!

Цената вклучува:

  • Појадок и вечера
  • Користење на базени и СПА Центар
  • Интернет
  • Паркинг

Цената НЕ вклучува:

  • Паркинг
  • Туристичка такса – 40 денари по лице на ден

Доплата и попусти:

  • Деца до 3.99 год. со 2 возрасни – бесплатно
  • Деца од 4-11.99 год. на доп.легло – 50% попуст
  • Туристичка такса – 40 денари по лице на ден

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ