Хотел Шумски Фенери се наоѓа на почетокот од Националниот Парк Пелсистер, на 8 км од центарот на градот и 7 км од скијачките терени Копанки, во прекрасно опкружување од шума. Располагаме со сопствен паркинг погоден и за голем автобус.
Хотелот располага со 17 соби од кои:
- 3 двокреветни со брачен лежај и можност за помошен лежај
- 4 двокрветни со два засебни лежаи
- 4 еднокреветни соби
- 2 трокреветни соби
3 двособни апартмани со дневна и спална соба со одприлика 60-65м^2. Најголемиот од нив има 76м2 и истиот има 2 спални соби и една дневна. Ниеден од апартманите не располага со кујна. Сите соби се комплетно реновирани и располагаат со ТВ, кабловска телевизија, бежичен бесплатен интернет во целиот хотел,телефон, купатило со туш кабина, клима уред, централно греење и фен за коса. Апатманите се многу големи со две посебни соби, спална со екстра голем лежај и засебна дневна соба. Хотелот располага со ресторан со капацитет од 120 гости и летна тараса со капацитет од 60 гости
ЦЕНОВНИК:
Цени за индивидуални гости во хотелот се:
- еднокреветна соба – ноќевање со појадок 1.500 мкд
- двокревтна соба – ноќевање со појадок 2.500 мкд
- трокреветна соба – ноќевање со појадок 3.300 мкд
- апартман (3 особи)- ноќевање со појадок 3.800 мкд
- апартман (4 особи) – ноќевање со појадок 4.000 мкд
- апартман де лукс (бр. 4) – ноќевање со појадок 4.500 мкд
Цената вклучува:
- Ноќевање со појадок
- Интернет
- Паркинг
- ДДВ и туристичка такса
Цената НЕ вклучува:
- Превоз
- Индивидуални трошоци
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.