ХОТЕЛ АМБАСАДОР 3* – ОХРИД

ХОТЕЛ АМБАСАДОР

 

Хотелот Амбасадор е граден во нов стил, современ хотел, изграден по најнови стандарди и методи.

Капацитет:

Хотелот располага со 21 соба од кои:
-12 трокреветни,
-5 четворокреветни,
-4 апартмани (каде можат да се сместат по 5 лица),
(со капацитет од посебни кревети за 76 лица.

За да обезбедиме на нашите гости удобност и комфор сите соби се: климатизирани, уредени со модерен мебел, со балкони со поглед кон езерската шир, со ТВ-плазма (приемник со кабловска телевизија), интернет (бежичен), директна телефонска линија, купатило/туш/фен за коса, телефакс, 24 – часовна рецепција со комплетна секретарска опрема, минибар, кликклак и масичка со 2 фотељи.
Изборот на мебел и другите ентериерски компоненти во собите но и во останатите простории на хотелот како и изборот на колоритот на бои обезбедуваат амбиент со пријатна ненаметлива и топла атмосфера.

 

 

Тип на услуга: Цена:
Викенд аранжман три дена

(Две ноќевања со појадок)

30 €
Аранжман 6 дена

(Пет ноќевања со појадок)

75 €
Викенд аранжман три дена

(Две ноќевања со појадок и вечера)

40 €
Аранжман шест дена

(Пет ноќевања со појадок и вечера)

100 €
Деца до 7 години    Бесплатно
Деца од 7 до 12 години  50 % од цената

 

 

  • Сите цени се однесуваат по лице
  • Цените се со вклучен ДДВ и туристичка такса.
  • Плаќањето се врши во денарска противвредност по среден курс на НБРМ.

 

Елегантно опремениот Хотел е лоциран на магистралниот пат Охрид-Скопје на 5 км. од градот Охрид и 2 км од охридскиот аеродром и на само 150 метри од брегот на Охридското Езеро, далеку од градскиот метеж и претставува идеално место за за тие што сакаат да се релаксираат, за организирање викенд одмори, летни аранжмани, подготовки на спортски екипи, реализирање на бизнис средби и семинари како и разни видови свечености. Хотел Амбасадор располага и со сопствен бар и нуди улсуги и за собен сервис 24 часа, како и услуги за сервиси за перење, пеглање, шиење, чистење обувки.