You are currently viewing Хотел Дрим, Струга – Велигден 2021
DCIM100MEDIADJI_0031.JPG

Хотел Дрим, Струга – Велигден 2021

ОПИС:

Сместен на самиот брег од Охридското езеро и реката Црни Дрим, во срцето на градот Струга, Хотел Дрим располага со 196 стилски уредени соби и 4 апартмани. Без разлика дали сте на одмор, семинар, свеченост, ние сме тука да ги задоволиме сите Ваши сетила. Собите се дизајнирани согласно Вашите потреби и преференци и може да одберете помеѓу двокреветни, трокреветни супериор соби, или пак еден од нашите пространи апартмани.Воодушевувачки почеток на едно прекрасно гастрономско доживување. Без разлика дали сте гостин во хотелот или сте гостин на свадба,  нашите шефови приготвуваат врвни кулинарски специјалитети кои ги стимулираат сите Ваши сетила.
Распоредот, големината и местоположбата на хотелот овозможува локации за секој тип на гости и во секоја сезона
Аперитив барот е централниот бар кој се наоѓа во лобито на хотелот. Освен што опслужува пијалоци и храна во самото лоби на хотелот, располага и со тераса со капацитет од 90 седишта, со исклучителен поглед на Охридското Езеро.
Плажа барот е поставен на самата плажа пред хотелот. Нуди избор на најмодерни коктели,
смути и освежителни пијалоци. Одличен избор за топлите летни денови.
Камелија барот е поставен веднаш до отворениот базен и е направен за да може да ги опслужи и гостите кои се на отворениот базен и оние кои се наоѓаат на плажа.
Со одличната храна како и преубавиот амбиент, плажата на хотелот е една од најпосетените во градот.
Главен ресторан со капацитет од 500 седишта во софистициран банкет стил, главнот ресторан нуди интернационална храна и тематски вечери за гостите од хотелот сервирани во бифе стил.
Национален ресторан,  во градината на хотелот се наоѓа националниот ресторан Струшки Кепенци кој е а ла карт ресторан. Кујната на ресторанот изобилува со модерни специјалитети приготвени со локални продукти, кои ќе ви овозможат да ја почувствувате уникатноста на македонската традиција.  Со капацитет од 100 седишта во кепенците, но и до 500 седишта во останатиот дел од градината, ресторанот нуди релаксирачка, интимна атмосфера за топлите летни ноќи.

ЦЕНОВНИК:

25.04.2021 – 09.05.2021

Услуга Цена
Ноќевање со појадок и вечера 30 еур

 *Дадените цени се по лице од ден со вклучен појадок и вечера во двокреветна соба

СЛИКИ :

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ