ICEBERG 3* – BANSKO
Хотелот „ICEBERG 3* – BANSKO“ е модерен хотел лоциран многу близу до Ски-лифт во новиот дел на Банско и на околу 800 метри од центарот . Хотелот им нуди на своите гости дневни трансфери до Гондолата. На располагање на гостите на хотелот се: простран ресторан (70 места), лоби бар, таверна (со две простории), остава за ски опрема, затворен базен, СПА центар, 2 добро опремени конференциски сали, лифт, Wi-Fi, бесплатен паркинг.
СПА-центарот на хотелот Iceberg нуди: Затворен базен, џакузи, парна бања, сауна, фитнес, масажа, турска бања (Хамам). За деловни состаноци, настани и семинари, има 2 конференциски сали опремени со потребната опрема: големата конференциска сала е до 50 луѓе и малата конференциска сала до 15 лица. Хотелот располага со вкупно 35 соби, од кои 25 стандардни двокреветни соби, 3 супериор двокреветни соби, 4 фамилијарни мансарди, 3 големи апартмани. Сите соби и апартмани на првиот и вториот спрат имаат балкони, собите на третиот кат имаат панорамски прозорци. Сите соби се убаво опремени со брачни кревети или разделени кревети, мини бар, телефон, кабловска телевизија, бања со туш и фен.
ICEBERG 3* – BANSKO
(Зима 2019/2020)
СМЕСТУВАЊЕ | НОВА ГОДИНА* 28.12- 03.01.20 | ВИСОКА СЕЗОНА 21.12–27.12.19 04.01–13.01.20 01.02-16.02.20 |
СРЕДНА СЕЗОНА 14.01–31.01.20 17.02–03.03.20 |
НИСКА СЕЗОНА 01.12–20.12.19 04.03–07.03.20 |
Двокреветна Стандард соба | 31,50 | 21,50 | 18 | 16 |
Еднокреветна Стандард соба | 56 | 36 | 32,50 | 28 |
Двокреветна Супериор соба | 35 | 24 | 20,50 | 18 |
Фамилиарна- мансарда (4 лица) 2 возрасни | 106,50 | 64 | 62 | 52 |
Апартман (4 + 2) лица 3 возрасни | 128 | 76,50 | 72 | 64 |
Цените се во ЕУР за особа на ден во соба, важат од 10.04.2019 година 1еур = 62,00 ден
фамилијарна – масандра и апартман , цената е на ден за наведениот број на возрасни
Во цената Е вклучено:
- ноќевање, појадок,
- затворен базен, џакузи, парна бања, теретана,
- игротека за деца,
- остава за ски опрема,
- дневно шатл до лифт и обратно
- Wi-Fi, кабелски интернет,
- хотелско осигурување, туристички данок и 9% ДДВ.
ПОПУСТИ:
- дете до 2 г. бесплатно и не користи услуги; / детско креветче – 6 еур на ден,
- дете од 2 до 6 г. на дополнителен кревет во соба со 2 возрасни, плаќа 30% од цената
за возрасен на редовно легло,
- второ дете од 2 до 6 г. на дополнителен кревет во соба со 2 возрасни бесплатно,
- дете од 6 до 12 г. на дополнителен кревет во соба со двајца возрасни плаќа 50% од цената
за возрасен на редовно легло,
- возрасно лице на дополнително легло плаќа 80% од цената за возрасни на редовно легло
ДОПЛАТА:
- Доплата за вечера за возрасен / за дете 6-11,99 12/6 еур
- Доплата за Новогодишна вечера за возрасен/за дете 6-11,99 – ЗАДОЛЖИТЕЛНА 75/35 еур
Дополнителни попусти:
Денови преку неделата – при престој на 4 последователни дена од Недела до Среда бесплатна ноќ со појадок во Четврток /не е валидно за 28.12-03.01
7=6 валидно за за резервации со престој 01.12-27.12 и 04.01-07.03 за ноќевање со појадок
Минимално и максимално сместување во капацитети :
Сместување | Минимум | Максимум |
Двокреветна соба | 1 возрасен | 2 возрасни + 1 дете до 11.99 г. |
Двокреветна супериор | 1 возрасен | 3 возрасни + 1 дете до 11.99 г. |
Фамилијарна- мансарда | 1 возрасен | 4 возрасни |
Апартман | 1 возрасен | 5 возрасни + 1 дете до 11.99 г. |
ЗАБЕЛЕШКИ:
- ДВОКРЕВЕТНА СОБА – спална или 2 одвоени кревети + фотеља на развлекување
- ДВОКРЕВЕТНА СУПЕРИОР СОБА – спална + 2 фотељи на развлекување
- ФАМИЛИЈАРНА-МАНСАРДА – 2спални соби – 1 со француски лежај, 1 со 2 одвоени кревети (на поткровје без балкон)
- АПАРТМАН – 2 спални соби (1спална со француски лежај+1спална со 2 одвоени кревети) + дневна со тросед на спушање
Сите соби на трет спрат и на поткровје (и фамилијарните Мансарда) се БЕЗ БАЛКОН