You are currently viewing Хотел International 4* – Охрид 2023

Под падините на планините Петрино и Галичица, непосредно до познатите Билјанини извори, од кои според легендата настанало познатото Охридско Езеро, на излезот од булеварот „Туристичка“ кој води до најубавите плажи на источното крајбрежје, се наоѓа хотелот „Интернационал“.
На атрактивна локација, изграден во модерен стил, хотелот „Интернационал“ е идеално место за вашиот престој во Охрид. Оддалечен на 5 минути од Езерото и само 15 минути од центарот на градот, хотелот „Интернационал“нуди извонредни услови за престој на гостите.
Располага со 35 стилски уредени соби, од кои 28 се двокреветни, 2 се четворокреветни, а 5 апартмани. Сите имаат клима уред, интернет и телевизија. Се издаваат по принципот ноќевање со доручек кој се реализира во специјалниот интерен ресторан наменет само за гостите кои користат сместување во хотелот.
Хотелот има сопствен паркинг, обезбеден со видео надзор, прекрасна тераса со бар, конгресна сала, фитнес сала, финска бања, турска бања, џакузи, масажа. Хотелот има сопствен паркинг, обезбеден со видео надзор, конгресна сала, лоби, лоби бар и прекрасна Коктел бар тераса. За овие и сите дополнителни услуги кои ги нуди хотелот може повеќе да се информирате на рецепцијата на хотелот која работи 24 часа. Тука љубезно ќе ве информираат за се што ве интересира во врска со посета на знаменитостите на градот, рентакар, рентабајк или други услуги, екскузрзии и останати корисни информации.

ТИП НА СОБА  НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК И ВЕЧЕРА
Двокреветна соба по лице 27€ 35€
Апартман 2 лица 90€  
Апартман 4 лица 120€  

Цената вклучува:

  • Ноќевање со појадок/појадок и вечера 
  • Интернет и ТВ
  • Паркинг

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплата и попусти:

  • Деца до 7год, БЕСПЛАТНО 
  • Деца од 07-12 год, 50% попуст
  • Дополнителен оброк 8€

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ