You are currently viewing Хотел Макпетрол 3* – Маврово

Хотел Макпетрол 3* – Маврово

ОПИС:

Хотелот „Макпетрол” – Маврово е сместен во пазувите на планината Бистра, покрај Мавровското Езеро на 1300 метри надморска височина во националниот парк „Маврово”, со извонредни услови за зимски и летен одмор и рекреација. Хотелот е ISO 22000:2005 и HACCP сертифициран. Хотелот располага со 40 двокреветни соби и два апартмана, сопствен паркинг и ски гардероба. Собите се со стелитска ТВ, безжичен интернет, телефон, мини бар, тоалет и тераса со прекрасен поглед кон ски терените.
Хотелот работи врз принцип на полупансион (шведска маса). Има климатизиран ресторан со 300 седишта, аперитив бар, снек-бар и летна тераса со национални и интернационални специјалитети.
Хотелот располага со климатизиран мултимедијален простор, ТВ сала, снек бар и сала за конференции, семинари, симпозиуми и разни прослави.
Извонредно подготвените скијачки терени, трите жичарници, дванаесетте ски лифтови и сноу борд патеките гарантираат незаборавен одмор и рекреација за љубителите на зимските спортови. Ноќното скијање и прекрасната панорама се уште едно пријатно изненадување за гостите кои го посетуваат овој познат туристички центар.
Вистинска можност за летен одмор и шанса за уживање во жуборењето на реката и планинскиот воздух.
За љубителите на рекреацијата постојат можности за излети, долги прошетки и планинарење, маунт бајк, лов и риболов, посета на бачилата на Бистра, манастирот Св. Јован Бигорски и селата од Галичник, каде што старата Македонска култура и обичаи се се уште зачувани. За спортистите постојат можности за организирање подготовки во спортска сала, како и на отворени спортски терени.

ЦЕНОВНИК:

Сместување во двокреветни соби:
Ноќевање со појадок                                                                27 Евра по лице на ноќ
Полупансион                                                                             33 Евра по лице на ноќ
Сместување во апартман:
Ноќевање со појадок                                                                36 Евра по лице на ноќ
Полупансион                                                                             42 Евра по лице на ноќ

Цената вклучува:

  • Цените се по лице на ноќ со вклучен ДДВ и Такса за привремен престој.
  • Плаќањето се врши во денарска противвредност по среден курс на НБРМ
  • Горенаведените цени важат за индивидуални гости кои престојуваат најмалку 2 последователни ноќевања.
  • Интернет
  • Паркинг

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплата и попусти:

  • Доплата за користење на еднокреветна соба +30% на горенаведените цени
  • Попуст  за користење на трето легло во соба (7 и повеќе години) -30% на горенаведените цени
  • Доплата за Полн пансион +10 евра по лице за оброк
  • Дете до 6 години гратис (не користи посебно легло и оброк)
  • Цените не важат за семинари, организирани групи, посебни манифестации, празници и сл.
  • При  1 ноќевање на овие цени се пресметува +30%.
  • За престој од 6 и повеќе ноќевања се пресметува -10% попуст на дадените цени.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ