You are currently viewing Hotel Simotel Ermis 3* – Hanioti – 2024

Хотел Sim Otel Ermis 3*

ОПИС

Хотел SimOtel Ermis 3* се наоѓа во најубавиот дел на Ханиоти, поточно во строгиот центар на градот на околу 180 метри од плажа . Хотелот има директен излез на градскиот плоштад а со тоа и на градското шеталиште. Со оглед на местоположбата, опкружен е со бројни ресторани, кафичи, сувенирници, продавници за гардероба како и продавници за храна, мини маркети, пекари итн.
Хотелот има рецепција која работи од 8 до 22ч секој ден, ресторан во кој се служи појадокот како и интернет конекција. Располага со двокреветни (две единечни легла) и трокреветни соби на прв и втор кат. Секоја соба има: сопствено купатило со туш, балкон, клима уред (вклучен во цена јули и август, во јуни и септември се доплаќа 5 еур. на ден по соба), фрижидер, фен.

* Појадок од 8:00 ч. до 10:00 ч. секој ден, шведска   маса со самопослужување.
* Доплата за вечера 15 еур. по лице по оброк.

ЦЕНОВНИК

ТЕРМИН ОД: Ноќевање со појадок Соба 1/2
26.05 7 190
02.06 7 220
09.06 7 270
16.06 7 290
23.06 7 320
30.06 7 340
07.07 7 360
14.07 7 360
21.07 7 360
28.07 7 360
04.08 7 360
11.08 7 360
18.08 7 360
25.08 7 290
01.09 7 260
08.09 7 230
15.09 7 210
22.09 7 190

Цените се дадени во евра за уплата во денари по курс 1 еур = 62 мкд

 НАПОМЕНИ:   

* Цените во табелата се по лице, и вклучуваат  7 ноќивања со појадок
* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла.
* Туристичката такса од 2,5 еур. по соба на ден, се плаќа на лице место.
* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.
* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите.

ПОПУСТИ:

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%.
* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа.
* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на  
аранжманот.

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* Уплата 50% од износот на аранжманот

* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање.
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата.

ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови и прописи.

* Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство,а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 еур.  
по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:
-Возрасни: 45 € (еден правец 35 €)
-Деца од 2 до 12 години: 35 € (еден правец 30 €)
-Деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште во автобус);

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата или представникот . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ