You are currently viewing Вила Илактида – Торони 2024

Нов модерен објект лоциран во централниот дел на Торони блиску до сите содржини, на 100м од плажа.Вила Илактида располага со прекрасно уреден двор, сопствен паркинг и скара. Во понуда се трокреветни студија со еден голем брачен и еден единечен кревет,  кујна со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, ТВ (рамен екран), клима (бесплатно), Wi-Fi интернет (бесплатно).Одличен избор за сите кои бараат модерно сместување покрај прекрасна песочна плажа. Вилата Илактида е една од најпродаваните и најбараните во Торони.

ПОПУСТИ И АКЦИИ
BLACK FRIDAY -30%
-20% за резервации со комплетни уплати до 31.12.2023
-10% за резервации со комплетни уплати до 15.04.2024
-7% за резервации со комплетни уплати до 15.05.2024
Период Студио 2+1
19.05-26.05.2024 199€
26.05-02.06.2024 249€
02.06-09.06.2024 339€
09.06-16.06.2024 499€
16.06-23.06.2024 529€
23.06-30.06.2024 539€
30.06-07.07.2024 559€
07.07-14.07.2024 599€
14.07-21.07.2024 599€
21.07-28.07.2024 629€
28.07-04.08.2024 629€
04.08-11.08.2024 629€
11.08-18.08.2024 599€
18.08-25.08.2024 549€
25.08-01.09.2024 409€
01.09-08.09.2024 339€
08.09-15.09.2024 299€
15.09-22.09.2024 229€
22.09-29.09.2024 199€

 

Цената вклучува:

  • Сместување во Студио 7 ноќи

Цената НЕ вклучува:

  •  Превоз до избраниот објект во Грција.
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии

Доплата и попусти:

  • Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

НАПОМЕНИ:

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
– Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување. 
– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ