ИНТЕРХОТЕЛ САНДАНСКИ 21-24 МАЈ 2021

ИНТЕРХОТЕЛ САНДАНСКИ

21-24 МАЈ 2021

ОПИС:

Сандански е град на југозападот на Бугарија, во подножјето на Пирин планина на само 40
км од Македонската граница. Овај регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу
сончеви денови во годината. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори со температура
од 33°С до 83°С со ниска минерализација и успешно се користат за третмани на
најразлични болести. Интерхотел Сандански е најголемиот медицински центар за
балнеологија и рехабилитација на Балканот и е сместен во самиот центар на градот на
главната пешачка улица.

Соби:

Интерхотел Сандански нуди сместување во 262 пространи соби, 17 апартмани и 6 студија. Сите имаат модерна, пространа и пријатна внатрешност. Големината еднокреветни и двокреветни соби  25м2. Собите се опремени со : кабловска телевизија, безжичен интернет, телефон, минибар (со доплата), бањите се со специјална тоалетна козметика, балкун со поглед на градот, планината, базенот, паркингот или паркот.

DBL – двокреветна лукс
Брачен кревет или два единечни, софа на спуштање и можност за бебешко креветче
Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 15,99 + 1 дете до 3,99

DBL SUP (двокреветна супериор соба-студио)
Спална со  брачен кревет (без прозор), физички одделена  (без врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче  (4 студиа вкупно).    
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год

STD – студио стандард
Спална со  брачен кревет, физички одделена  (без врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче  (1-4 кат).    
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год

APP – апартман лукс
Спална со еден брачен кревет, физички одделена (со врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче,  две купатила (5-7 кат)              
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год.

НАПОМЕНА!
Хотелот не прима домашни миленици

СМЕСТУВАЊЕ И НАПУШТАЊЕ НА СОБИТЕ:

Сместување во собите по 14:00 ч. (локално време)
Напуштање на собите до 12:00 ч. (локално време)

 

ЦЕНОВНИК:

ИНТЕРХОТЕЛ САНДАНСКИ

21-24 МАЈ 2021

НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК

ПОЛУПАНСИОН

ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА

72€

78€

ДВОКРЕВЕТНА СОБА

93€

109€

СУПЕРИОР СОБА

111€

127€

СТУДИО

134€

148€

АПАРТМАН

151€

164€

ДОПОЛНИТЕЛНО ЛЕГЛО ВОЗВРАСЕН И (12-15.99г)

31€

40€

ДЕТЕ 4-11.99г СО ЕДЕН ВОЗВРАСЕН

/

6€

ДОПОЛНИТЕЛНО ЛЕГЛО ДЕТЕ 4-11.99 г

13€

18€

БЕБЕ ДО 3.99г

/

/

Цените се во €, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд

Цената е по соба од ден и вклучува:

  • Ноќевање со појадок или појадок и вечера
  • Користење на сауна, парна бања, фитнес центар
  • Користење затворен базен со минерална вода од 33С
  • Користење на отворен базен со минерална вода од 33С,
  • Користење на отворен термален базен со минерална вода 38С
  • Лежалка и пешкир покрај базените
  • Безжичен интернет во целиот хотел
  • Паркинг
  • Сеф на рецепција
  • Детско катче со аниматор
  • Туристичка такса

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Личен трошок на патникот
  • Неспомнати услуги
  •  

УСЛОВИ ЗА АГЕНТОТ И ГОСТИНОТ:

  1. За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозит уплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
  2. Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 денапред пристигнувањето без пенали.
  3. Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 денапред датата на престигнување без пенали. Промена на име и термин помалце од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ  од резервацијата.
  4. Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 денапред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
  5. Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
  6. Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 денапред пристигнување е без пенали.
  7. Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 денапред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
  8. Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан  од страна на гостинот и од овластените во хотелот.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • за отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ