ВИКЕНД-ПРОМО ПАКЕТИ
ИНТЕРХОТЕЛ – САНДАНСКИ
НОЕМВРИ 2021
Сандански е град на југозападот на Бугарија, во подножјето на Пирин планина на само 40 км од Македонската граница. Овај регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу сончеви денови во годината. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори со температура од 33°С до 83°С со ниска минерализација и успешно се користат за третмани на најразлични болести.
Интерхотел Сандански е најголемиот медицински центар за балнеологија и рехабилитација на Балканот и е сместен во самиот центар на градот на главната пешачка улица.
Термини:
- 29-31.10.2021
- 05-07.11.2021
- 12-14.11.2021
- 19-21.11.2021
- 26-28.11.2021
Сместување во: | Цена по лице : |
Двокревeтна лукс соба | 86 € |
Еднокреветна лукс соба | 68 € |
Студио ( 2 возрасни) | 125 € |
Апартман (2 возрасни) | 140 € |
Доплата за трет возрасен во апартман или студио | 52 € |
Во цената Е вклучено:
- 2 Нокевање со појадок,
- Користење на сауна, парна бања, фитнес центар,
- Користење затворен базен со минерална вода од 33⁰С (полуолимписки размери),
- Користење на отворен базен со минерална вода од 33⁰С,
- Користење на отворен термален базен со минерална вода 38⁰С,
- Паркинг,
- Туристичка такса.
Во цената НЕ Е вклучено:
- Превоз + 25€ по лице
- Патничко осигигурување,
- Личен трошок,
- доплата за вечера без вклучена пијачка 12 €
НАПОМЕНА!
Хотелот не прима домашни миленици
Цените се во евра, плаќањето се врши во денари 1 € = 62,00 мкд
СМЕСТУВАЊЕ И НАПУШТАЊЕ НА СОБИТЕ:
Сместување во собите по 14:00 ч. (локално време)
Напуштање на собите до 12:00 ч. (локално време)
GPS координати: 41.567978, 23.282570 (линк…)
РАЗГЛЕДИ во близина на Сандански
Рилскиот манастир, еден од најголемите манастири во Бугарија. Изградена во 30-тите години на
Х век. Денес Рилскиот манастир е дел од светското наследство на УНЕСКО, со својата автентична атмосфера,бесценети икони и резби, привлекува посетители од целиот свет. Рилски манастирот се наоѓа меѓу миризливи борови шуми на планината Рила, 63 км. од градот Сандански.
Мелник–“градот на виното” е најмалиот град во Бугарија со население од само 230 жители. Мелник е место со богато историско наследство, пријавен за културно-историски резерват и градски музеј. Мелник исто така е прочуен по своите висококвалитетни вина. Мелник е оддалечен 20 км. од Сандански.
Рожденски манастир, 7 км. од Мелник, е вториот по големина манастир во Бугарија по Рилскиотманастир. Со своите уникатни резби и витраж, тој е вистински ремек-дело на средниот век.
Природниот резерват Рупите со својата уникатна природа, фауна и термални извори е на само
15 км. од Сандански. Во Рупите можете да ја посетите куќата на најпознатиот бугарски пророк Ванга. Во самата близина по волјата на баба Ванѓа, во 1992 година е изграден храм-споменик “Света Петка Бугарска” – еден од 100-те национални туристички објектот во Бугарија. Рупите е кратер на угаснет вулкан. Постојат остатоци од древниот град Хераклеја Синтика.
УСЛОВИ ЗА АГЕНТОТ И ГОСТИНОТ:
- За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозитуплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
- Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 денапред пристигнувањето без пенали.
- Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 денапред датата на престигнување без пенали. Промена на име и термин помалце од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
- Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 денапред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
- Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
- Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 денапред пристигнување е без пенали.
- Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 денапред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
- Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.