You are currently viewing Интерхотел 4*, Сандански – Новогодишен Пакет 2022

ИНТЕРХОТЕЛ САНДАНСКИ-НОВОГОДИШНИ ПАКЕТИ 2022

СО СВЕЧЕНА ВЕЧЕРА ВО РЕСТОРАН “САНДАНСКИ”

Сандански  е град на југозападот на Бугарија, во подножјето на Пирин планина на само 40 км од Македонската граница. Овај регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу сончеви денови во годината. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори со температура од 33°С до 83°С со ниска минерализација и успешно се користат за третмани на најразлични болести.
Интерхотел Сандански е најголемиот медицински центар за балнеологија и рехабилитација на Балканот и е сместен во самиот центар на градот на главната пешачка улица.

ТИП СОБА: 3 ПП 4 НП 4 ПП
Двокреветна соба (2 лица) 678 € 737 € 810 €
Еднокреветна соба ( 1лице) 439 € 501 € 534 €
Супериор соба (2 лица) 751 € 833 € 904 €
Студио (2 лица) 838€ 950 € 1014 €
Апартман (2 лица) 903€ 1038 € 1100 €
Фамилијарен апартман (3 лица) 1275 € 1450 € 1548 €
Возрасен на доп. легло во апартман (1 лице) 278 € 288 € 327 €
Дете 12-15.99г. на доп. легло во соба (1 лице) 278 € 288 € 327 €
Дете 12-15.99г. на доп. легло во апартман (1 лице) 278 € 288 € 327 €
Деца до 3,99г БЕСПЛАТНО БЕСПЛАТНО БЕСПЛАТНО
Дете 4-11,99г. на редовно легло во соба со 1 возрасен 87 € 64 € 99 €
Дете 4-11,99г. на доп. легло во соба 141 € 136 € 169 €
Дете 4-11,99г. на доп. легло во студио 87 € 65 € 99 €
Дете 4-11,99г. на доп. легло во апартман 87 € 65 € 99 €

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

Дадените цени се по соба и вклучуваат:

  • Сместување за соодветниот број на ноќевања и услуга
  • Празнична новогодишна вечера на 31.12.2021 на сет мени во ресторан Сандански
  • Појадок на 01.01.2022г. од 10:00 до 14:00 часот
  • Користење сауна, парна бања и фитнес центар
  • Користење затворен и надворешен базен со минерална вода;
  • Користење надворешен термален базен со минерална вода
  • Бесплатно – безжичен интернет низ хотелот
  • За деца: игралиште на отворено, игрална со професионален аниматор
  • ДДВ и туристичка такса

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНА!

  • Хотелот не прима домашни миленици
  • Цената важи за 3 и 4 ноќевања во периодот од 30.12.2021-02.01.2022г.
  • Резервацијата се смета за гарантирана со 40% аконтација.
  • Доплаќање до 100% – до 01.12.2021година.
  • Износот на аконтацијата или уплатата од 100% не подлежат на враќање од страна на хотелот.
  • Интерхотел Сандански го задржува правото да ги менува цените

СМЕСТУВАЊЕ И НАПУШТАЊЕ НА СОБИТЕ:

  • Сместување во собите по 14:00 ч. (локално време)
  • Напуштање на собите до 12:00 ч. (локално време)

 ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

РАЗГЛЕДИ во близина на Сандански

  • Рилскиот манастир, еден од најголемите манастири во Бугарија. Изградена во 30-тите години на
    Х век. Денес Рилскиот манастир е дел од светското наследство на УНЕСКО, со својата автентична атмосфера,бесценети икони и резби, привлекува посетители од целиот свет. Рилски манастирот се наоѓа меѓу миризливи борови шуми на планината Рила, 63 км. од градот Сандански.
  • Мелник–“градот на виното” е најмалиот град во Бугарија со население од само 230 жители. Мелник е место со богато историско наследство, пријавен за културно-историски резерват и градски музеј. Мелник исто така е прочуен по своите висококвалитетни вина. Мелник е оддалечен 20 км. од Сандански.
  • Рожденски манастир, 7 км. од Мелник, е вториот по големина манастир во Бугарија по Рилскиотманастир. Со своите уникатни резби и витраж, тој е вистински ремек-дело на средниот век.
    Природниот резерват Рупите со својата уникатна природа, фауна и термални извори е на само
    15 км. од Сандански. Во Рупите можете да ја посетите куќата на најпознатиот бугарски пророк Ванга. Во самата близина по волјата на баба Ванѓа, во 1992 година е изграден храм-споменик “Света Петка Бугарска” – еден од 100-те национални туристички објектот во Бугарија. Рупите е кратер на угаснет вулкан. Постојат остатоци од древниот град Хераклеја Синтика.

УСЛОВИ ЗА АГЕНТОТ И ГОСТИНОТ:

  1. За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозитуплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
  2. Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 дена пред пристигнувањето без пенали.
  3. Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 дена пред датата на престигнување без пенали. Промена на име и термин помалце од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
  4. Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
  5. Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
  6. Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 дена пред пристигнување е без пенали.
  7. Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 дена пред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
  8. Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ