Истанбул за 1ви Август – 3 ноќи
Уживајте во градот на два континента, прекрасниот Босфор за 1 август.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 129 евра до 15.07, РЕДОВНА ЦЕНА 159 евра
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Три ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели
– Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
– Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич:
Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија,
– Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
– туристички пратител за време на престојот
– организација за време на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Задолжително патничко осигурување 300 денари по лице
– Задолжителна доплата за туристичка такса 1 евро по лице од ден
Факултативните излети:
– Крстарење по Босфорот – 20 евра
– Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со населбата Кадикој, џамијата
на Ердоган, видиковецот Чамлиџа– 20 евра
– Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој– 20 евра
– Балат – најпознатото маало со шарени куќички и Вселенската патријаршија, џамијата Сулејмание и посета на египетскиот пазар – 15евра
– Турска вечер на брод на Босфорот со неограничен алкохол, вечера, музика и традиционални турски танци – 45 евра
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:
SILVER – 55 евра
– Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
– одмор во населбата Кадикој во Азија, џамијата на Ердоган, видиковецот Чамлиџа
– Крстарење по Босфорот
– Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој
PREMIUM – 70 евра
– Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
– одмор во населбата Кадикој во Азија
– Крстарење по Босфорот
– Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој
– Балат со Вселенската патријаршија и џамијата Сулејмание и посета на египетскиот пазар
ИНФОРМАЦИИ:
– За сингл соба се доплатуваат 60 евра дополнително од аранжманот
Попусти за деца:
– Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
– Деца од 3 до 12 години плаќаат 90евра (кога се придружувани од двајца возрасни)
– Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
Прв ден – среда (31.07)
Средба на групата кај хотел Континентал во 15:00 часот и сместување на багажот.
Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности.
Втор ден – четврток (01.08)
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).
НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите). Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Во попладневните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се
упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел.
Трет ден – петок (02.08)
По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Одиме во посета на традиционална турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатки, масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени.
Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. По крстарењето се упатуваме на панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Ја посетуваме џамијата на турскиот претседател Ердоган, која е најголемата џамија во Турција и се наоѓа на азиската страна на највиското брдо Чамлиџа. Бидејќи е пуштена во употреба во 2019-та година, таа претставува една од најмодерните џамии која се издигнува високо над градот. Потоа го посетуваме местото Чамлиџа кое го нуди најубавиот поглед на Истанбул кој буквално ќе ве остави без здив, а ќе имате можност да направите прекрасни фотографии и да се напиете турски чај во отворениот дел со типично турски масички. Разгледот продолжува со местото Кадикој на азиската. Мали, тесни улички, преполни со кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе.
Вечерта враќање во хотел и ноќевање.
Четврт ден – сабота (03.08)
По појадокот, можност за убава прошетка во еден од најубавите квартови (махали) на Истанбул, најживописната населба Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството, Вселенската патријаршија, која е задолжителна за посета. Потоа се упатуваме кон една од најпознатите џамии, Сулејмание џамијата, која веројатно е најпривлечната. Ова не се должи само на огромната големина на џамијата, туку и поради
нејзината прекрасна локација, историската важност и грандиозниот дизајн. Како една од најимпозантните градби во градот, џамијата Сулејманије е вистинска штета да не се посети. Изградена од најпознатиот империјален архитект на Отоманската империја, Мимар Синан, по наредба на Сулејман Величествениот, не била изградена само како место за богослужба. Тоа е масивен комплекс во кој некогаш имало народна кујна,
библиотека, медреса, подготвително училиште, градина каде што можеле да се прошетаат и многу повеќе. Додека џамијата се уште се користи за богослужба, многу делови се затворени и се користат за туристички цели. На пример, она што некогаш било народна кујна, сега е мало слатко кафуле наречено Дарузијаје, каде што можете да уживате во шолја чај. Џамијата Сулејмание има голема историска вредност поради многу причини. Прво, затоа што го изградил најталентираниот отомански архитект што некогаш живеел.
Втората причина е затоа што има одредени многу важни гробишта на личности, како Сулејман Величествениоt, неговата сопруга Хурем Султан и нивната ќерка Михримах. Веднаш во близина на џамијата се наоѓа Египетскиот пазар на зачини, познат и како Mısır Çarşısı, кој е еден од најживописните и најшарените атракции во Истанбул. Се наоѓа во историската област Еминону и е рај за сите сетила. Замислете да се шетате низ тесни улички опкружени со егзотични мириси, живописни бои и метежот и вревата на
традиционалниот турски пазар – совршено место за живописни фотографии на Инстаграм!
Слободно време и потоа враќање во хотел. Во вечерните часови несекојдневна можност за да се доживее духот на Турција. Одиме на турска вечер на брод на Босфорот со забавна програма, традиционални турски танци, танчерки, музика, неограничен алкохол и одлична храна (предјадење, главно јадење и десерт).
После забавата враќање во хотелот со организиран трансфер и ноќевање.
Петти ден – недела (04.08)
По појадокот, следува одјавување од хотелот и се упатуваме кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 3 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој во моментов се реновира. Доколку заврши реновирањето до реализацијата на аранжманот, дополнително ќе ве информираме за цената на влезницата. Планирано тргнување за Македонија во попладневните часови по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови во понеделник на 05.08
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
– Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
– Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
– Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
– Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
– Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
– Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. За отказ на аранжманот пред
законските услови предвидени по ОУ, се задржуваат 10евра по лице од уплатената сума, поради административните трошоци
– Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
– Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
– ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
– Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
– Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
– Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и
не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен
превоз до Македонија.
– Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
– Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
– Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
– Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
– Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
– За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност. Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
– Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Go Travel ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
– Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
– Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
– Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
– Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
– Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
– Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
– Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
– Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.