You are currently viewing Истанбул – 8ми Септември – Автобуска Програма

Истанбул – 8ми Септември – Автобуска Програма


2 ноќевања – 09.09 – 12.09

3 ноќевања – 08.09 – 12.09

ИСТАНБУЛ претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Овој прекрасен град, подигнат на местото каде што буквално се спојуваат истокот и западот, oбликуван е од страна на 4 снажни цивилизации: грчка, римска, византијска и османлиска. Низ својата историја овој град гордо ги носел имињата: Бизантион, Цариград, Константинопол и Истанбул.  Денес Истанбул е велеград кој брои преку 15 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете вака испреплетени и неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.

1. ДЕН – СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

 Состанок со групата во однапред договорено место и време. Поаѓање кон Истанбул во попладневните часови. Возење преку Република Бугарија со гранични регулативи и планирани попатни паузи.

2. ДЕН – ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул. Веднаш по пристигнувањето следува запознавање односно панорамски разглед на Истанбул: Бул. Аднан Мендерс, Аксарај, Валенсовиот аквадукт, Мостот Кемал Ататурк, Џамијата Мехмед Паша Соколовиќ, Златен рог, Бешикташ, Мостот Галата…Слободно време за одмор и дополнително уживање во убавините на Истанбул. Можост за организрана посета на ТАКСИМ, еден од најпознатите плоштади во градот, од каде започнува добро познатата улица Истиклал, долга околу три километри, за која се смета дека во текот на неработните денови ја посетуваат околу 3.000.000 луѓе.

По разгледот следува сместување во хотел околу 14ч по локално време. Следува факултативно *КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР, кое претставува неизбежен дел во посетата на Истанбул. Во 90 минутното крстарење, ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… незаборавно доживување, без кое престојот во Истанбул не е комплетен… Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

3. ДЕН – ИСТАНБУЛ

 Појадок. По појадокот следува разглед на историскиот дел на Истанбул, со неговите најпрепознатливи знаменитости:

* ХИПОДРОМ – Византиски хиподром претставувал центар на општествено-политичкиот живот во главниот град на империјата и централно и омилено место за собирање на населението од градот, место каде се одржувале гладијаторски борби и трки со коли.

* АЈА СОФИЈА  – Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 5 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6. до 13. век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј. На 24. Јули 2020 година од страна на раководството на Р. Турција се претвори пак во џамија.

 * СИНА ЏАМИЈА (Султан Ахмет) – Најпознатата џамија во Истанбул која е воедно и првата џамија изградена со 6 минариња за време на Османлиската империја. Посветена е на султанот Ахмет I, а поради своите бои – сина, зелена и бела нанесени на плочки од порцела, го добива прекарот “ Сина Џамија “.

 * ТОПКАПИ ПАЛАТА – Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни  метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топкапи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

 * КАПАЛИ ЧАРШИЈА –  Разгледот го зарвшуваме со Капали чаршија шопингот во Капали Чаршија, изгледа како истражување на лавиринт,тука може да се види еден од најголемите пазари во светот и да се почувствува магијата на едно место старо неколку века.

Потоа се упатуваме кон Азискиот дел на Истанбул, прекрасно место за уживање покрај море. Единствена можност да се види Моминската кула, во Азиската населба Ускудар и да се ужива во прекрасната глетка, Бејлербеји, местото од каде се гледаат двата моста каде ќе имате шанса да пробате риба или некоја од другите турски специјалитети и пијалоци покрај Босфор. Посетата на Азискиот дел, ја збогатуваме со посета на Принцевските острови, архипелаг составен од 8 мали островчиња. Како најголем се смета BUYUK ADA, чија што посета одблизу ќе ни овозможи да се запознаеме со локалната архитектура, која датира од османлиското владеење, збогатена со раскошно уредени паркови и каде единственото превозно средство кое може да се забележи се коњските кочии – пајтони. Следува слободно време за индивидуални активности, како и можност за уживање во некои од рестораните покрај брегот на мраморното море. Во попладневните часови враќање кон хотел.

Вечерта можост за факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку   4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја. Враќање кон хотел. Ноќевање.

4. ДЕН – ИСТАНБУЛ

 Појадок.  По појадокот се упатуваме кон “турскиот Версај” односно добропознатата плата *ДОЛМБАХЧЕ која преставува првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19. и 20. век, претходна некогаш и главна (во 16. и 17. век) Отоманска империја. Слободно време за индивидуални активности, уживање и релаксација покрај Босфорот. Вечерта, можност за факултативно организираање на *ТУРСКА ВЕЧЕРА НА БРОДНоќевање.

5. ДЕН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

По појадокот следува напуштање на хотелот. Се упатуваме кон една од најстарите фабрики за традиционални турски благи производи КОСКА. По слободното време за дегустација, одиме кон еден од најголемите шопинг центри во Европа – ФОРУМ, ДЕКАТЛОН И ИКЕА. Во попладневните часови поаѓање назад кон Скопје со попатни паузи и гранични регулативи. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ:

2 ноќевања – 79€

3 ноќевања – 99€

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА: 

  • Комплетна организација од страна на агенцијата со водич на патувањето
  • Превоз со високо туристички автобус (АС, ТV, WC..) на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • 2/3 ноќевања со појадок во хотел GRAND HALIC 4*
  • Пешачки разглед на Истанбул (Сина Џамија, Аја Софија, Хиподром, Капали Чаршија)Галата кула и Таксим
  • Посета на најголемиот трговски центар во Европа – FORUM
  • Аранжманот е направен на минимум 40 патници
  • деца од 0 – 5,99 бесплатно; од 6 – 11,99 30% попуст; 
  • ПАТНИЧКО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ СО ЗАШТИТА ОД COVID-19

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна туристичка такса (1,50 евра по ноќ)
  • Индивидуални трошоци

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ВЛЕЗНИЦИ

  • ТОПКАПИ– со лиценциран водич- 20€
  • КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР– 20€
  • ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТАТА– со лиценциран водич – 25€
  • ТУРСКА ВЕЧЕРНА БРОД – 3 часовно крстарење, со вклучени традиционални турски јадења и неограничен пијалок – 40€
  • SAPPHIRE SEYIR TERASI– со вклучена 4D проекција – 15€
  • АЗИСКИ ДЕЛ НА ИСТАНБУЛ + ПРИНЦЕВСКИ ОСТРОВИ – посета на населбата Кадикој, Ускудар, Моминска Кула – 20€

ПАКЕТ  55€ (Домлабахче со лиценциран водич + Азиски дел + Крстарење = ГРАТИС влез на Моминска кула)

ПАКЕТ 70€  (Топкапи + Долмабахче + Seyir Sapphire Terasi + Азиски дел = ГРАТИС Крстарење по Босфор)

ХОТЕЛ GRAND HALIC 4*

Хотелот со 4* е сместен во месноста Пера, во близина на едно од најпознатите туристички места, плоштадот Таксим. Во негова близина се наоѓаат голем број на познати туристички дестинации и локалитети, како музејот MADAME TUSSAUDS, Galata Tower, Galata Bridge итн, со тоа што го прави еден од најатрактивните места во градот. Посебно е актуелен кај помладата популација, поради фактот што во негова околина има безброј ресторани, клубови, места за кафе/чај итн.  Хотелот располага со еднокреветни, двокреветни и трокреветни, СПА центар (сауна, парна бања, теретана), ресторан, лоби бар како и рецепција достапна 24 часа.

*Агенцијата го задржува правото на промена на текот на програмот, во зависност од потребите за реализација на истиот, а во врска со непредвидени ситуации кои би можеле да настанат поради новогодишните празнични денови*

***Агенцијата го задржува правото на промена на програмот, како и редоследот на посети по денови, во било која ситуација и од било кои причини или околности кои би претставувале пречка за реализација на истиот. Истиот ќе биде реализиран веднаш во првата ситуација кога за тоа ќе има можност.