8МИ МАРТ 2021 – ИСТАНБУЛ , ТУРЦИЈА 3 НОЌЕВАЊА

 

ИСТАНБУЛ – 8ми Март

03.03-07.03.2021 – 3 ноќевања.

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата.Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од околу 20 милиони жители. Истанбул зафаќа површина речиси колку државата Белгија, со речиси еднаков број население.Во Истанбул се наоѓа најголемата денешна џамија претходно црка и музеј (Света Софија) во светот, испреплетеното влијание помеѓу двете доминантни религии во регионот.Познат како Византија или Цариград, Истанбул е најголем град во Турција, и е економски, културен и трговски центар на земјата. Со околу 15 милиони жители, Истанбул е најнаселен град во Европа. Истанбул е дом на неколку места на светското наследство на УНЕСКО и е домаќин на седиштата на бројни турски компании, сочинувајќи над триесет проценти од економијата на земјата.

ПРОГРАМА:

ПРВ ДЕН- Среда (03.03.2021)

Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето. Забавата започнува уште од паркингот на Вип Хотел Поаѓањето е во 17:30ч од Скопје. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање за потврда на поаѓањето НО времето на поаѓање може да трпи промени. Седиштата во автобусот се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири денови.

ВТОР ДЕН- Четврток (04.03.2021)

Јеребатан Резервоар Се наоѓа на европската страна на Истанбул, и е најголематата затворена цистерна во градот.Цистерната е изградена од византискиот император Јустинијан Први (527-565). Наречена е Палатата Јеребатан меѓу луѓето поради многуте мермерни колони кои се издигаат од водата. Бидејќи имало базилика на местото каде што се наоѓа цистерната, зградата се нарекува и базилика цистерна. Араста Чаршија Араста се наоѓа од југоисточната страна на Истанбулската Сина џамија вреди да се посети за многубројните продавници што продаваат теписи, килими, турски плочки, облека и сувенири. Араста е серија продавници изградени под или во близина на Сината  џамија. Овие продавници беа празни и запуштени многу години сè додека туристичкиот бум од крајот на 1980-тите и 1990-тите ги убеди одговорните да ги обноват и изнајмат. Сега чаршијата Араста е меѓу најпосетуваните туристички пазари во Истанбул. На североисточниот крај од оваа улица во Мимар Мехмет Ага Каддесиаре,има неколку кафулиња на отворено, штандови за ужина и ресторани, од кои едната има многу засилена турска музика до околу 01:00 часот. Оваа улица вистински ја опишува традицијата на Истанбул. Great Palace Mosaic Museum Во музејот се наоѓаат мозаици од византискиот период, откриени на местото на Големата палата во Цариград.

ТРЕТ ДЕН- Петок (05.03.2021)

Пристигнувањето на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Од досегашното работно искуство, нашата агенција вложила доста напори да им овозможи сместување на патниците пред законското време за Check in во хотелот. Патниците добиваат слободно време за пауза, а остатокот од денот предвиден за истражување на најголемиот град во Европа, градот Истанбул. ПРВИОТ ДЕН ВО ИСТАНБУЛ Е ПРЕДВИДЕН ЗА ПОСЕТА НА: Аја Софија Toп Капи Истанбулски минијатурк Облакодерот Сафир Плоштадок Таксим.

ЧЕТВРТ ДЕН- Сабота (06.03.2021)

ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини. Грандиозноста е нешто што секогаш ќе ги привлекува посетителите што сакаат барем за миг да ѕирнат во минатото и да го почувствуваат амбиентот во кој живееле отоманските благородници. Палатата, исто така, е дом и на најголемиот лустер од бохемиски кристали во светот, со 750 светилки и тежина од 4,5 тони, кој бил подарок од британската кралица Викторија. Покрај овој лустер, во палатата може да се најде и најголемата колекција на слични лустери. Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година. Три часовно КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОРОТ. Дневна журка по Босфор  (Со многу изненадувања за кои ќе се погрижиме ние). Ова крстарење е незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу. EMAAR SQUERE MALL Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

ПЕТТИ ДЕН- Недела (07.03.2021)

Појадок во хотелот, одјавување и посета на фабираката КОСКА доколку сакате да купите локум, баклава или традиционално за дома. Од коска следува време  за шопинг во најдобриот трговски аутлет 212 во Истанубл. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Времетраењето на шопинг е до 15:00 часот кога групата се собира и упатува назад. Предвидено е пристигнување во раните утрински часови.

СЛИКИ :

ПРОМО ЦЕНА ДО 15.02.2021 – 79€

РЕДОВНА ЦЕНА- 89€

Во цената е вклучено:

  • Три ноќевања во хотел со 3* со појадок
  • Автобуски превоз
  • Лиценциран придружник
  • Лиценциран туристички водич
  • Тура низ стариот град на Истанбул со посета на Капали Чаршија
  • Tуристичка такса
  • Посета на фабриката коска
  • Шопинг во 212 центарот

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Факултативи излети
  • Индивидуални трошоци

Доплати и попусти:

  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни.

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата. Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +15€ по лице (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција.
  • Задолжителна проверка на пасошот. Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ