You are currently viewing Хотел Изгрев Спа & Аквапарк 5* – Струга

Хотел Изгрев Спа & Аквапарк 5* – Струга

ХОТЕЛОТ Е ЗАТВОРЕН ДО  АПРИЛ 2021!!!

ОПИС:

Комплексот ХОТЕЛ ИЗГРЕВ СПА и АКВА ПАРК се наоѓа меѓу прекрасната борова шума на прекрасниот брег на неверојатното Охридско Езеро. Хотелот Изгрев Ви нуди широка удобност во прекрасна атмосфера на површина од 90.000 м2 со приватна плажа од 500 метри. Се наоѓа на 5 км од градот Струга, 15 км од охридскиот аеродром и 20 км од градот Охрид. Хотелот Изгрев има неверојатен поглед на езерото и планината со свеж воздух и нај шарено и смирувачко опкружување што го дефинира значењето на вистински одмор.

ЦЕНОВНИК:

ЦЕНОВНИК ХОТЕЛ ИЗГРЕВ СПА & АКВАПАРК

СЕПТЕМВРИ/ДЕКЕМВРИ 2020

 

ТИП СОБА 13.09-04.10. 2020 05.10-28.12. 2020
Еднокреветна соба 45 еур 41,25 еур
Двокреветна соба 60 еур 55 еур
Трокреветна соба 81 еур 74,25еур

Цената вклучува:

  • Ноќевање со појадок по соба на ден
  • Спа центар (внатрешен базен, сауна, турска бања)
  • Интернет
  • Паркинг
  • Туристичка  такса
  • Фитнес центар 

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплата и попусти:

  • Доплата за соба со поглед на езеро – 6 еур на ден
  • 1 дете од 0-6.99 години – бесплатно 
  • 1 дете од 7-12 години – плаќа 50% од редовната цена по лице
  • 2 деца од 0-1.99 години – бесплатно
  • 2 деца од 2 – 12.99 години – плаќа 50% од редовната цена по лице 

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ