1.Скопје – Истанбул-Тел Авив-Витлеем (Вечера)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06:45ч. и полетување од аеродромот во Скопје во 08:45 ч.. Слетување на аердромот Бен Гурион во Тел Авив во 14.30ч. По завршување на пасошка и царинска контрола, пречек од страна на локален партнер.Следува екскурзијата посета на Јафо, еден од најстарите градови на Блискиот Исток, сместен на рид кој нуди бесценет поглед на брегот на Тел Авив со неговите плажи. Посета на старото пристаниште со одлични ресторани за морска храна, мали кафулиња и пекари скриени во тесните улички со калдрма. Поаѓање за Витлеем. Сместување во хотел во Витлеем. Вечера и ноќевање.
Појадок. Туристичка програма во Ерусалим.Панорамски поглед од Маслиновата Гора до главниот град Ерусалим: се наоѓа во јужниот дел на висорамнината, дел од Јудејските Планини и ја вклучува Маслиновата Гора на исток и ридот на североисток од центарот на градот. Пешачка обиколка во Стариот град: Градината Гетсиманија – традиционално се почитува како место каде што Исус Христос се молел ноќта на неговото заробување. Денеска овој настан се одбележува со базилика посветена на страдањата Христови и осум стари маслинки, чија старост е над 2000 години; Виа Долороса (од латинскиот „Патот на болката“) – ова е улицата во древниот Ерусалим по која Исус Христос одел со крстот до местото на распнувањето – Голгота; Храмски комплекс Божи Гроб– најсветото место во христијанскиот свет, каде што Христос бил распнат, погребан и воскреснат; Западниот ѕид(Ѕид на плачот) – единствената структура останата од Ерусалимскиот (Соломоновиот) храм. Ова име доаѓа од фактот дека Евреите често оделе таму да жалат за уништувањето на храмот; Планината Сион (градот на Давид) – гробот на кралот Давид и просторијата на Тајната вечера . Посета на родното место на Господ Исус Христос и базиликата „Рождество Рождество“ изградена во чест на овој настан во Витлеем – големото обележје на градот. Според библиските пророштва, Месијата требало да биде потомок на Давид и да се роди во неговиот град. Вечера и ноќевање во Витлеем.
Појадок. Заминување кон Каср ал Јахуд (Qasr al-Yahud) – местото на крштевање на бреговите на реката Јордан, местото каде што според традицијата, Исус бил крстен од Јован Крстител. Возење покрај бреговите на Мртвото Море, место со најниската надморска височина во светот. Продолжување на патувањето до Мртвото Море; уживајте во уникатната можност да пливате во Мртвото Море и да ја пробате калта богата со минерали за која многумина веруваат дека има терапевтски ефекти. Заминување кон Витлеем. Сместување во хотел Paradise Hotel Bethlehem или сличен во Витлеем. Вечера. Ноќевање.
Појадок. По појадокот заминување , возење до граничниот премин Alenby Bridge – преминување на границата од Израел во Јордан.Со Локален претставник во Јордан се упатуваме кон Џераш, градот кој своето златно време на цивилизација го доживува за време на Римското царство, кога е познат и како Гераса, а денес претставува официјално еден од најдобро зачуваните провинциски градови на Римската империја, сокриен со векови под златните песоци на Јордан пред повторно да биде откриен и достапен на светската јавност.После следува возење кон хотелот во Аман и сместување во хотелот Larsa hotel Amman или сличен . Вечера. Ноќевање.
Појадок.Се упатуваме кон Мадаба (30 км од Аман), едно од најзначајните места во Светата земја. Тука е концентрирана најголемата христијанска заедница во Јордан. Во текот на два века (од 5-ти до 7-ми), стотици мозаици беа поставени во црквите и обичните домови на Мадаба, како што е оној што го покрива подот на Грчката православна црква Св. Џорџ”, е највпечатлив (оригиналната големина на мозаикот е 15,6 х 6 м – 94 м2, а до денес е зачувана само една четвртина).Се упатуваме кон планината Небо, едно од најпочитуваните свети места во Јордан, местото каде што се вели дека бил погребан Мојсеј. Продолжуваме по патот на кралевите со панорамски поглед на кањонот Ал Мухеб. Фото пауза во замокот на крстоносците Монтреал (лат. mont regalis, „Кралски рид“, познат и како Шобак) – изграден од темпларите во 1116 година по наредба на кралот Болдвин I од Ерусалим за да ги чува патеките за аџилак и карваните. Поаѓање за Петра. Сместување во хотел во Петра. Вечера. Ноќевање
Појадок. Се упатуваме кон најважниот дел од патувањето, посета и разглед на „Розевиот Град“ Петра, најубавиот град некогаш изграден од човечка рака на Набатејците, а целиот вдлабен во карпи. Посетата започнува со прошетка до Сик, најпознатиот теснец во светот, овековечен и во голем број на филмови, влезот на Градот Петра кој нуди неверојатни пејзажи, визури и искуство кое се памети. Додека шетате долж 1 км долгата патека, над вас бдеат карпите високи и повеќе од 80 м. Боите кои се прелеваат и убавината која природата ја дарила на ова место, се едни и единствени. Кон крајот на Сик, пред нас ќе се појави најспектакуларната глетка, Ал Казнеа (Трезорот) – едно од најфотографираните места во светот. Прошетката низ Петра продолжува покрај улицата на фасадите, кралските гробници, театарот, судницата… Вкупната должина е окулу 4км по правец. По разгледот на Петра, патувaњето го продолжуваме до магичниот Вади Рум (Месечева Долина), пустина која според археолозите била населена во праисторискиот период. На пат кон Вади Рум ќе пројдеме покрај Седумте Столбови на Мудроста, именувани од Лоренс од Арабија. Следува 2 часовно возење со 4×4 џипови низ пустината. Сместување во хотелски камп RUM MAJIC CAMP среде пустина. Слободно време. Вечера . Единствена можност за ноќевање во пустина со неверојатни погледи кон звезденото небо.
Појадок .Го продолжуваме патувањето кон Акаба – единствениот град во Јордан кој има излез на море, а воедно претставува бесцаринска зона. Разглед на Акаба. Следува трансфер во доцните вечерни часови до аеродром .
Полетување од Акаба за Истанбул во 04:30 часот. Слетување на аеродромот во Истанбул во 07:20 часот локално време. Полетување од Истанбул за Скопје во 08:25 часот и слетување на аеродромот во Скопје во 07:25 часот
Датуми на патување и цени:
Термин на патување:
|
Пакетна цена по лице за сместување во двокреветна соба | Пакетна цена за сместување во еднокреветна соба |
Пакет аранжман со целосна уплата | 1553€ | 1708€ |
Пакет аранжман со депозит 500€ | 1603€ | 1758€ |
Пакет аранжман со депозит 100€ | 1683€ | 1838€ |
Цената на аранжманот вклучува:
- Авионски билет Скопје – Тел Авив/Акаба – Скопје со вклучен багаж;
- 1 ноќевањe со вечера и појадок во Вади Рум , камп RUM MAJIC CAMP или сличен
- 1 ноќевањe со вечера и појадок во Аман, хотел 3 *;
- 1 ноќевање со појадок и вечера во Петра, хотел 3 *;
- 3 ноќевања со појадок и вечера во Витлеем, хотел 4*;
- Претставник од агенција;
- Луксузен автобус со бесплатен WI-FI во Израел и Јордан ;
- Сите трансфери за време на патувањето, според програмата;
- 7 целодневни екскурзии кој се наведени во програмата;
- Влезни билети: Замокот Јераш-Азлонун-Мадаба-Небо-Карак-Петра, 2 часа џип турa.
- Сертификат за аџилак;
- Претставник кој ја придружува групата за време на целиото патување;
Цената на аранжманот НЕ вклучува:
- Гранични такси – цена по лице: 50 $ (USD).
- Бакшиши – околу 45 $ по турист за цело патување (се плаќа на лице место);
- Сите оброци кои не се споменати во програмата;
- Лични трошоци.
- Патничко осигурување
Услови за резервација:
Начин на плаќање: – депозит според ценовникот. Доплата на аранжманот 30 дена пред датумот на поаѓање.
Минимален број на туристи за остварување на екскурзијата: 16 патници.
Рок за известување при недостигнување на миналниот број туристи: 7 дена пред датумот на поаѓање.
Потребни документи: пасош; нема виза, санитарни и медицински барања.
Услови за откажување на аранжманот:
- до 40 дена пред поаѓање – 70% од вкупната цена на аранжманот.
- од 39 до 15 дена пред поаѓање – 100% од вкупната цена на аранжманот.
Напомена: При промена на девизниот курс со повеќе од 5% во периодот до почетокот на туристичкото патување, агенцијата го задржува правото за прекалкулирање на цената на аранжманот, согласно промената на девизниот курс.