Израел

ИЗРАЕЛ

Откријте ја лулката на Христијанството по Патеките на Евангелието, доживејте ги физички и духовно Библиските пејсажи на Галилеа, онаму каде Исус и неговите следбеници се движеа… Уживајте во магијата на Израел

1 ден 16.11.2018 – Петок
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:45. Лет за Тел Авив преку Истанбул со Pegasus. Во 16:45 полетување кон Истанбул со лет бр. PC352, слетување во Истанбул 20:10, полетување од Истанбул 23:05 (PC 776), слетување во Тел Авив 00:10 (локални времиња). Трансфер до хотелот во Ерусалим. Сместување. Ноќевање 1.

2 ден 17.11.2018 Сабота –  ЕРУСАЛИМ
По појадокот, разглед на Витлеем – градот на кралот. Витлеем е мал бел град во кој што бил роден Исус. Во превод името на Витлеем значи “Куќата на лебот”. Тука на маргините на универзумот, во топлите мали штали се роди Спасителот, поради тоа што, светото семејство не можеше да најде сместување на друго место. Тука тројцата кралеви дојдоа да го поздрават кралот на универзумот и прв пат мудреците го видоа Спасителот на светот. На плоштадот во Витлеем се наоѓа големата црква на Рождеството, која ќе ја посетиме и каде ќе присуствуваме на Света Литургија. Посета на Манастирот на Светиот Крст, Прастар грузиски манастир – местото каде според легендата расте тројно дрво, од кое покасно е направен крстот за распетието. Посета на Еин Карем – родното место на Свети Јован, еден од најубавите делови на Ерусалем со голем број на Манастири. Еден од нив е Францисканскиот Манастир каде се наоѓа изворот на Свети Јован Крстител. Овде ќе имаме можност да се осветиме во Cветата вода. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање 2.

3 ден 18.11.2018 Недела – ЕРУСАЛИМ    
По појадокот, Посета на Гетсиманската градина, посета на базиликата на страдањето Xристово и Црквата на Вознесението на пресвета Богородица. Посета на стариот град на Ерусалем, кој е сместен во срцето на Ерусалем. Стариот град се смета за најсветото место според Христијаните. Поделен е на четири дела: христијански, муслимански, еврејски и ерменски. Сите егзистираат заедно на простор од еден квадратен километар. Ќе одиме долж Via Dolorosa – тажниот пат на Исус до местото на неговото распнување. Од таму доаѓаме до Храмот на Распетието, каде што се случил најважниот момент од христијанската историја – Воскресението на Спасителот. Посета на Гробот Христов, Голготата, и каменот на Помазанието. Посета на планината Сион, собата на последната вечера, гробот на Кралот Давид, и Манастирот на Успението, Црквата на Вознесението (изградена на местото каде постоела куќата на Свети Јован Kрстител, каде што Пресвета Богородица живеела по распнувањето на Исус), Еврејскиот кварт, улицата Кардо, сингогата Рамбам, Западниот зид. Вечера. Ноќевање 3.

4 ден 19.11.2018 Понеделник – ТИБЕРИАС
Појадок и заминување од хотел. Посета на Вади келт, Манастирот на Свети Ѓорѓи ХОЗЕВИТ, во јудејската пустина, Ерихо најстариот град на планетата и планината на искушувањето. Светата река Јордан. Посета на Mont Tavor – светото место на Светото Преображение. Вечера. Ноќевање 4.

5 ден 20.11.2018 Вторник – АКРА 
По појадокот посета на црквата на Благовестието – импресивен споменик на христијанското наследство.Тука ќе се одржи празнична церемонија посветена на денот на светото Благовестие. Посета на Назарет, кој е познат во светот како градот каде живеела светата фамилија: Мaрија, Јозеф и бебето Исус. Тоа е место за аџилак за Христијани од сите страни на светот. Некогаш Назарет беше мало село, а сега е најголемиот арапски град, со христијанско и муслиманско население. Посета на Кана Галилејска – црквата посветена на чудата на Исус, каде по стариот пат еднаш Пресвета Богородица и нејзиниот Син присуствувале на свадбата во Кана, каде се одиграло едно од чудата. Посета на езерото Кинарет, кое од дамнешни времиња било сведок на големи драми. Езерото изобилува со риба која може да се дегустира во бројните ресторани на неговиот брег. Посета на Capernaum – наречен од апостолите како “неговиот град”, посета на синагогата која восхитува со својата импресивна големина со коринтски столбови и белиот ерусалимски камен. Посета на планината на Блажествата, ТАБХА, МАГДАЛА. ЈОРДАНИТИ…  Вечера. Ноќевање 5.

6 ден 21.11.2018 Среда – НЕТАНЈА
Посета на Акра- темпларскиот град или познат како градот на првите витези Хоспиталери. Враќање во хотел во Акра. Вечера. Ноќевање 6.

7 ден 22.11.2018 Четврток – НЕТАНЈА
Појадок. Посета на Хаифа, Стела Марис и старата Јафа кој во стари времиња бил град освојуван од Александар Македонски, Ричард – лавовско срце и Наполеон. Посета на старото пристаниште, црквата на Свети Петар и фонтаната на Андромеда. Ноќевање 7.

8 ден 23.11.2018 Петок   
Заминување од хотел и организиран трансфер до аеродром. Полетување кон Истанбул со лет PC780 во 07:20, слетување во Истанбул 10:35. Полетување од Истанбул лет PC 351 во 16:30 слетување во Скопје во 16:05 (локални времиња).  

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 869 €/53.880,00 денари

Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Тел Aвив-Скопје
  • Организиран трансфер од Аеродром – Хотел – Аеродром
  • Сместување хотел на база појадок и вечера
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Вклучен чекиран багаж до 23 kg

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси 156 ЕУР
  • Бакшиш за водичот и возачот
  • Факултативни разгледи и влезници во знаменитостите, и резервација на Табор – 50 $ по лице
  • Туристичка такса 4 евра на ден/ по лице (се плаќа во хотелот)
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 280 €

НАПОМЕНА

  • При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 7 дена пред реализацијата на аранжманот.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации. Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ

Затворете мени