Hotel Jenny 3*– Siviri, Grcija

 

Hotel Jenny 3*– Siviri, Grcija

ЛокацијаХотелот Jenny се наоѓа во центарот на Сивири,мало крајбрежно место на западната страна од полуостровот Касандра. Местото има голем број таверни во кои се служи свежа риба, морски плодови и традиционална скара. Добро организираната плажа е препознатлива по белиот песок и плиткото море идеално за фамилијарен одмор.

GPS Координати: 40.036902, 23.362743

Плажа
150 метри од песочна плажа.

Опис на објектот

Во собите: клима уред (вклучен во цената), ТВ, фрижидер и тоалет. Надворешниот базен и лежалките се бесплатни за користење од гостите.

1/4 (четирикреветна соба) стандард соба – еден брачен кревет и два единечни
1/4 дуплекс – еден брачен кревет во една соба и два единечни кревети во друга соба

Услуга
Полупансион –
појадок и вечера на шведска маса

Појадок 08:00-10:00ч.
Вечера 19:00-21:00ч.

15 % попуст за резервации и целосна уплата до 31.12.2019
10 % попуст за резервации и целосна уплата до 29.02.2020
5 % попуст за резервации и целосна уплата до 31.03.2020

Early booking понудата е за определен број на соби

период полупансиони во 1/2+2 стандард соба
23.05 – 30.05 7 129 €
30.05 – 06.06 7 139 €
06.06 – 13.06 7 159 €
13.06 – 20.06 7 250 €
20.06 – 27.06 7 275 €
27.06 – 04.07 7 295 €
04.07 – 11.07 7 320 €
11.07 – 18.07 7 349 €
18.07 – 25.07 7 379 €
25.07 – 01.08 7 379 €
01.08 – 08.08 7 379 €
08.08 – 15.08 7 379 €
15.08 – 22.08 7 379 €
22.08 – 29.08 7 349 €
29.08 – 05.09 7 299 €
05.09 – 12.09 7 269 €
12.09 – 19.09 7 229 €
19.09 – 26.09 7 199 €

Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари.
Минимум 2 возрасни лица плаќаат полна сума за соба

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот

Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

Цената е за 1 возрасно лице за 7 полупансиони

Прво и второ дете до 13,99г. со 2 возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО

Во цената Е вклучено:

7 полупансиони (шведска маса)
Безжичен интернет
Клима уред
Лежалки на базен
Отворен базен во склоп на хотелот

Во цената НЕ Е вклучено:

Превоз,
Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа
на рецепција во хотелот)
Патничко осигурување

Напомена:

Цената е за минимум 2 возрасни лица во соба,
Цените се по лице и се однесуваат за услуга 7 полупансиони
Прво и второ дете до 13,99г. со 2 возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
Прво и второ дете 14-15,99г. со 2 возрасни на редовно легло плаќаат по 30% од цената за 1 возрасен
Трет и четврт возрасен над 16 г
., плаќаат по 50% од цената за 1 возрасен

Петто лице во соба од 0-8,99 години на дополнително легло плаќа 10 евра на ден
Сместување во собите е после 14 часот по локално време
Напуштање на собите е до 10 часот по локално време

Организираме автобуски превоз со доплата

Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики (Сабота):

03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес 40€ по лице
04:00 h Скопје (Дрводекор) 35€ по лице
04:30 h Велес (бензинска мотел Македонија) 35€ по лице
05:00 h Неготино (бензинска Неготино) 35€ по лице
05:00 h Струмица (бензинска Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово 40€ по лице
05:40 h Удово (бензинска Удово) 35€ по лице
06:00 h Граничен премин (бензинска Шимов) 35€ по лице

Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики (Сабота) :

05:00 h Битола (Градска Автобуска Станица) 30€
04:15 h
 Прилеп (бензинска Салида) -Трансфер до Битола  30€
03.15 h
 Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола 35€
03:45 h
 Кичево (бензинска Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола 35€

03:30 h Охрид (бензинска Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола  35€
04.15 h
 Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола 30€

Попуст за деца:

Деца од 2 до 11,99 г. попуст од редовната цена 15€ од Битола и 10€ од Скопје
Деца до 1,99 г.- бесплатно (не користи седишете во автобусот)
Возрасно лица над 63 г. попуст  10€

Време на поаѓање од Сивири: 13:30 h (локално време ) 
(можни се доцнења во сезона заради густината на сообраќајот)
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин,
Попустите не може да се комбинираат,
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на Т.А. С-ТРАВЕЛ

Затворете мени