You are currently viewing Хотел JENNY 3* 2022 EARLY BOOKING

Хотелот ЏЕНИ е лоциран на 150 м. од прекрасната песочна плажа во центарот на Сивири. Хотелот располага со 37 соби: 1/2 со брачен кревет, 1/3  со 1 брачен кревет и 1 нормално легло и 1/4 со еден брачен кревет и две нормални легла. Собите се опремени со клима уред (вклучен во цената), сат. ТВ и сопствена бања. Собите имаат прекрасен поглед кон плажата и морето. Хотелот располага со базен и лежалки кои се бесплатни за користење од гостите, а исто така има и бар покрај базенот.

*HB (Half Board / Полупансион):

– Доручек 08:00-10:00ч. на база шведска маса

– Вечера 19:00-21:00ч.  на база шведска маса

ТЕРМИН ОД: ПП По лице во 1/2+2
28.05 7 170
04.06 7 200
11.06 7 260
18.06 7 280
25.06 7 300
02.07 7 330
09.07 7 355
16.07 7 385
23.07 7 385
30.07 7 385
06.08 7 385
13.08 7 385
20.08 7 355
27.08 7 305
03.09 7 270
10.09 7 200
17.09 7 170

 

EB попустот од 15% ќе трае до 01.03.2022

НАПОМЕНА:

* Цените  се дадени по лице и се однесуваат за услуга ПОЛУПАНСИОН за број на ноќевања дадени во табелата.

  • Прво и второ дете до 13,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
  • Прво и второ дете од 14-15,99 г. со двајца возрасни на редовно легло плаќаат по 30 % од цената во табелата
  • Трет и четврт возрасен над 16 години, плаќаат по 50% од цената во табелата.
  • BABY COT – Бесплатно, со тоа што клиентите треба да носат протектор за душекот. Во спротивно протекторот од хотелот ке им биде наплатен 20 еур. за целиот престој.
  • Туристичка такса е 1,5 еур на ден по соба и се плаќа на лице место.
  • Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот
  • Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот

* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.

* Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите.

 

ПОПУСТИ:

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%. * Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа.

 

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ: * За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 10 дена пред започнување на аранжманот.

 

ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.

* Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.

* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.

* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 еур. по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје- Битола Халкидики-Скопје:

* 40 € возрасни

* 30 € деца од 2 – 12 години

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

 

За време на патувањето и престојот во хотелот, гостите се должни да ги почитуваат мерките за „Ковид 19“, кои се пропишани со указ на грчката влада, а кои се валидни и применливи за време на престојот

*** за влез во Македонија важат новите услови од 01,09 ***

 

Туристичка такса од 1,5€ на ден по сместувачка единица се плаќа на лице место по пристигнување (check in) во објектот.

Агенцијата оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ :

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.

Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.