Kalemi’s Beach and Hotel 3* – Саранда 2021

Kalemi’s Beach & Hotel 3* – Sarande

-10% за резервации и уплата до 15.07.2021!!!

ОПИС:

Локација: Хотелот е сместен на само неколку чекори од приватна плажа во склад на хотелот и на околу  1,3 км од центарот на градот Саранда или 10 минути пешки до почеток на шеталиштето.
Саранда е град во јужна Албанија, сместен покрај брегот на Јонското Море. Тој е центар на истоимената околија и е една од најважните туристички центри во Албанија. Наспроти Саранда се наоѓа познатиот грчки остров Крф или Керкира. Во градот живеат околу 50.000 жители, а има и бројно етничко грчко население. Во последните години градот брзо се развива, а особено туризмот. Името Саранда потекнува од грчкиот збор -Σαράντα , што значи четириесет и се однесува на 40-те ерменски војници кои што не сакаа да се одречат од Христа. По наредба на кралот Лициниј, оставени се на немилост да умрат од студ. Официјална валута е „лек “, не е проблем и да платите во евра, но кусурот го добивате во леки. Во секој маркет, ресторан, кафуле – за 1 евро добивате 130 леки. Отприлика 1:2 е соодносот со македонскиот денар.
Замокот Лекуриши e оддалечен околу 5 км од каде што може да уживате во панорамскиот поглед на Саранда.  Ксамил е оддалечен на околу 15 км. Националниот парк Бутринт заштитен од УНЕСКО и неговиот антички град се наоѓа на оддалеченост од околу 20 км.  Хотел Калеми е оддалечен околу 1 км од Фери пристаништето и главната автобуска станица. Достапна е и услугата rent a car. До аеродромот Крф може да се стигне со 1 час возење со траект од пристаништето на Саранда.
Соби: Располага со 5 двокреветни, 2 четирикреветни и 18 трокреветни соби. Секоја соба е опремена со клима уред, фрижидер, ТВ, сопствен тоалет, пешкири, течен сапун. Собите се чистат секој ден, пешкирите се менуваат на секои два дена и постелнината се менува на секои три дена.
Услуга: Појадок.
Содржини: Хотелот нуди прекрасно мени на храна каде што може да вкусите традиционална грчка храна. Околу хотелот има супермаркети, продавници, кафе барови, ресторани итн.
Плажа: Хотелот располага со приватна плажа, каде што на гостите бесплатно им следува две лежалки и чадот.

Во близина на хотелот:

  • Supermarket Аlfa 2 – 2.9 км
  • Restorant Kalaja e Lekuresit – 2.88 км
  • Carrefour Market – 0.44 км
  • Demi Beach Bar – 1.80км
  • Bar Restaurant Limani – 1.37 км

ЦЕНОВНИК: 

Термин Ноќи 1/2  без поглед 1/2 поглед море 1/3  без поглед 1/3 поглед море 1/4 поглед море
28.05-04.06 7 151€ 161€ 151€ 161€ 161€
04.06-11.06 7 151€ 161€ 151€ 161€ 161€
11.06-18.06 7 151€ 161€ 151€ 161€ 161€
18.06-25.06 7 161€ 181€ 161€ 181€ 181€
25.06-02.07 7 161€ 181€ 161€ 181€ 181€
02.07-09.07 7 211€ 231€ 211€ 231€ 231€
09.07-16.07 7 211€ 231€ 211€ 231€ 231€
16.07-23.07

продадено

7 211€ 231€ 211€ 231€ 231€
23.07-30.07

продадено

7 231€ 251€ 231€ 251€ 251€
30.07-06.08

продадено

7 231€ 251€ 231€ 251€ 251€
06.08-13.08

продадено

7 231€ 251€ 231€ 251€ 251€
13.08-20.08

продадено

7 231€ 251€ 231€ 251€ 251€
20.08-27.08 7 231€ 251€ 231€ 251€ 251€
27.08-03.09

продадено

7 191€ 201€ 191€ 201€ 201€
03.09-10.09 7 141€ 161€ 141€ 161€ 161€
10.09-17.09 7 141€ 161€ 141€ 161€ 161€
17.09-24.09 7 121€ 131€ 121€ 131€ 131€
24.09-01.10 7 121€ 131€ 121€ 131€ 131€
  •  Дадените цени се по лице за 7 ноќевања и минимум 2 лица сместување во соба!!!

Цената вклучува:

  • 7 ноќевања со појадок
  • Туристичка такса
  • Две лежалки и чадор
  • Клима уред
  • Паркинг
  • Wi-Fi

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплати и попусти:

  • Дете од 0-5 год – бесплатно
  • Дете од 5-14 год – 12€ (МАЈ/СЕП) /  17€ (ЈУНИ/ЈУЛИ/АВГУСТ) (сместувањето е на нормален кревет, цената е на ден за дете)
  • Лице + 14 год- плаќа по цена на возрасен зависно од типот на соба.

Превоз:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Албанија:

  • Битола (Автобуска станица Транскоп на перон) / Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) 
  • Битола-Саранда – 50€
  • Битола-Ксамил- 50 €
  • Доплата за Трансфер од Кичево + 10 €
  • Деца од 2-11,99год: -40 €

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Охрид за Албанија:

  • Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) / Струга (Хотел Дрим)
  • Охрид -Саранда – 50€
  • Охрид -Ксамил- 50 €
  • Ресен (спроти автобуска станица) – 50€
  • Деца од 2-11,99год: -40 €

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Албанија:

  • Скопје (Дрводекор)/ Штип (паркинг пред пошта) / Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) 
  • Скопје-Саранда – 50€
  • Скопје-Ксамил- 50 €
  • Доплата за Трансфер од Штип +10 €
  • Деца од 2-11,99год: -40 €

Време на поаѓање за АЛБАНИЈА :

  • 23:00 h Скопје (Дрводекор) – Трансфер (претходен ден)
  • 23:45h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – Трансфер
  • 23:00h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер
  • 00:30h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново) – Трансфер
  • 01:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) – Трансфер
  • 02:00 h Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
  • 30h Ресен (спроти автобуска станица)–Трансфер
  • 03:00h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер
  • 15h Струга (Хотел Дрим) –Трансфер
  • 00:45h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!
  • Првите два и последниот термин се ПРОМО ЦЕНИ и не подложат на попуст!!!
  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин.
  • Попустите не може да се комбинираат.
  • Во собата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети).
  • По завршување на Вашето летување, должни сте собата да ја оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Патувањето за Саранда се реализира преку граничен премин КАФАСАН-Струга со што може да се патува со ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ.
  • Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сезoна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
  • С-Травел го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
  • Услови за “early booking”:За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

ФАКУЛТАТИВИ:

  1. Дрвениот град Бутринт (грчки: Βουθρωτό , албански: Butrint): Овој антички локалитет е хеленистички град кој датира од праисторискиот период. Митолошки е познат по тројанскиот принц Енеја, кој по неговото патување од Троја, го посетил овој град. На ова место тој се сретнал со Андромаха (жена на принцот Хектор) и Хелен. (45 мин во правец)
  2. Ѓирокастро (грчки: Αργυρόκαστρο, албански: Gjurokastër): е мало гратче во близина на Саранда, со околу 30.000 жители вклучувајќи го и грчкото население. Името на градот потекнува од грчки зборови, што во превод значат “сребрена тврдина”.   Градот е центар на Власите во Албанија.  Специфично за ова мало гратче е неговиот изглед, тоа е како недопрено од османлискиот период, при што целосниот изглед од тоа време е сеуште зачуван. (1ч и 15 мин во правец)
  3. Ликурешката тврдина се наоѓа токму над градот Саранда. Од таму ќе имате можност панорамски да ја видете убавината на Саранда, чудото на природата познато како, Изворот-“плаво око ” , длабок околу 50 м,  и Манастирот  40 Маченици  кој е патрон на градот.  Оваа тврдина има квадратна форма со две кули. Во почетокот, објектот служел за иследување на морето. Денеска, објектот претставува туристика атракција на Албанија, и во самиот склоп на објектот се наоѓа ресторан.(15 мин во правец)
  4. „Сино око“или „Syri i kaltër“: на околу 20 km оддалеченост од центарoт на Саранда на западната падина на планината Мали и Ѓере ќе го пронајдете природниот феномен наречен  „Сино око“ или „Syri i kaltër“, кој претставува извор длабок околу 50 метри под земја низ кој постојано без престан извира кристално чиста вода со брзина од околу 18.4 l/s. Водата е толку многу чиста што, верувале или не, може дури и да ја пиете доколку сакате. „Синото око“ е природен резерват обвиен со дабови дрвја и горски бели јавори, чиј продорен мирис се меша со бучното тиркизно синило.Сите оние кои се подготвени за малку авантура може слободно да се нурнат во длабокиот извор или мирно да запливаат по водата која претставува главен извор на реката Бистрица. Патем, тоа е единствената река во земјата која се влева во Јонското наместо во Јадранското Море. (35 мин во правец)

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ