You are currently viewing Кападокија & Истанбул – Нова Година 2022

Кападокија & Истанбул – Нова Година 2022

ТЕРМИН:

  • 28.12.2021-03.01.2022

ПРОГРАМА:

01 ден 28.12.2021:  СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ: 

Состанок на групата на паркингот кај Борис Трајковски во 15.30 и поаѓање во 16.00 ч.  Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.      

02 ден 29.12.2021: ИСТАНБУЛ: 

Пристигнување во Истанбул во раните утрионски чсови. Предлагаме панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич: Капали чаршија, Бејазит, Најстариот универзитет, Лалели, Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотел (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), Таксим, Операта, стадионот на ФК Бешикташ, Долма Бахче Сарајот Можност од тука да тргнеме на прекрасно Крстарење по Босфор и да го запознаеме Истанбул од друга перспектива: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палата, крстарењето овозможува прекрасен поглед на раскошните

палати на светски познатите политичари (Тансу Чилер…), бизнисмени…ТВ серии, Kiskulesi (Моминската кула)…Сместување во хотел. Краток одмор.

Попладне ве водиме на Азиската страна Ускудар, каде се наоѓа преубавата џамија на Михримах Султан, ќерката на Сулејман Величанствени. Потоа одиме во големиот шопинг мол EMAAR SQUARE MALL и на крај прошетка низ прекрасното место Бејлербеји, покрај самото море. Место каде се снимани безброј ТВ серии.  Ноќевање

03  ден  30.12.2021:  ИСТАНБУЛ – СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU)  – ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:

Појадок. Патуваме  кон Кападокија со пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот… долго 100 км, широко 50 км, длабоко 50 см, ( во зимскиот период  достигнува длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите на сол во Турција се црпат токму од ова езеро… По одморот, продолжуваме кон Ѓореме, Кападокија. Пристигнување во попладневните часови. Сместување во одбран хотел и краток одмор.

Во зависност од слободното време, Ве водиме на разглед на Ѓореме: Општината, Римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Тepe(влезница 3 ТЛ), првите „самовилини оџаци„, улиците со сувенири и ресторани. Нашиот водич ќе ве упати каде да го испиете првото турско кафе со панорамски поглед на Ѓореме. Вечера *.   Ноќевање.

04  ден 31.12.2021: ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА :  

Денот е предвиден за 4 возбудливи доживувања:

ЛЕТ СО БАЛОН – МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА – “ATV SUNSET TOUR”  – ТУРСКА ВЕЧЕР

 ЛЕТ СО БАЛОН: од платото на хотел ТУРИСТ 4*! Рано наутро пред магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа магична авантура  никогаш нема да ја заборавите… уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако… магичното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига до 1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел.

*Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните.    *Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла).

 Појадок.  Слободно предпладне или препорачуваме полудневно возбудување:

 МИСТИЧНА КАПАДОКИЈАВо водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и запознавање со првите приказни за Кападокија.

*Почнуваме со посета на Долината на „Трите Убавици„ каде ќе ја слушнеме тажна легенда за нив. *Потоа одиме кон Ургуп, најголемото место во Кападокија со траги од стари Грчки и Римски куќи,  траги од Селџуците.

*Посета на Мустафапаша, некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото.  Место каде живее веќе трета генерација на жители кои се дојдени од Османлиска Егејска  Македонија 1923/4 г. но сеуште го говорат автентичниот стар Македонски јазик со познатиот дијалект од Егејска Македонија. Со задоволство ќе Ви покажеме CAVE  хотел, сопственост на Госпоѓа Суреја, која зборува Македонски јазик со Егејски дијалект. Време е да се напиеме право турско кафе или турски чај кај Суреја.

 Ќе ја видиме и црквата Константин и Елени, во центарот на Мустафапаша.

*Посета на   фамилијарна работилница и продавница за слатки и сушени овошни плодови.

*За крај Ве водиме во Ортахисар – “средишна тврдина” во превод, или како жителите ја нарекуваат “Највисокиот Самовилин оџак во Кападокија. Висок 90 м. и служел како засолниште од напади за време на Византиското владеење. Типично старо Кападокиско место, со вклесани куќи во вулканските карпи. Ве водиме на тераса од која ќе имате пркрасен поглед на Ортахисар. Место каде се снимаат автентични ТВ серии. Ручек во локален ресторан.  Враќање во хотел. Слободно време за индивидуална прошетка низ Ѓореме.  

Попладне, ново возбудување МАГИЧЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО : Препорачуваме 2 можности :

– “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Незаборавна авантура.  (Дозвола не е потребна)        или….

– “BUS SUNSET TOUR”:  Посета на Долина на Љубовта долина каде што тајно се среќавале вљубените парови. Место каде што Вашите желби се исполнуваат. Потоа поминуваме покрај старото место Чаушин  и го гледаме најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина.

ПРЕЧЕК НА НОВАТА 2022 ГОДИНА

Предлагаме убава предновогодишна вечера во некој ресторан во Гореме (. Пред полноќ одиме на возвишувањето “Бајрак тепе” од каде ќе уживаме во прекрасната глетка на новогодишни огномети од неколкуте места на Кападокија   или

 Посета на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц,  во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна  вечера по ваш избор и неограничена дегустација на локално вино, турска ракија, водка, пиво, сокови.           Ноќевање.

05 ден 01.01.2022:  ЃОРЕМЕ, МАГИЧНА КАПАДОКИЈА

 Појадок. ….  Среќна Нова Година !   Денот е предвиден за 2 возбудливи доживувања:

МАГИЧНА КАПАДОКИЈА:  

Почнуваме со панорамски поглед кон замокот Учхисар,највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме…

Долината на гулабите – Поглед на долина  која е големо живеалиште на гулабите.

Ве водиме во фабрика за накит( производство на сребро излато) и накит од прочуениот камен Султанит. Единствена можност да купите реплика (сребрена или златна) на прстен кој што Султан Сулејман Величанствениот го направил  за Хурем Султан.

Потоа Ве водиме во подземниот град  Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени 4 ката под земјата, поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км….

Ручек во локален ресторан. Возбудувањата продолжуваат со посета на Долината на ружите и Црвената долина.

 Долина на Ружите и Црвена долина: Овие две долини настанале поради ерозијата на планината Боздаг. Можете да одите по нив низ прекрасна патека, каде што ќе најдете 12 цркви, од кои некои навистина вреди да се посетат. Магична прошетка низ долините и под“самовилините оџаци”со посета на најубавите цркви од минатото:

               Црквата на крстот (турски, Хаџли Клисе) во Црвената долина е пештерска црква со прекрасен камен крст на таванот и целосно насликана апсида. Со неверојатна сцена од апсида, монументален релјеф на таванот и прекрасен поглед на Црвената долина, Црквата на крстот е една од најдобрите цркви во Кападокија што треба да се посетат.

               Архитектурата на Црквата Крст е богата со теолошко значење. Спектакуларна фреска со Исус Пантократор во апсидата и огромниот крст врежан во таванот се смета дека датираат од 7в.               Локацијата на крстот над главата укажува на суверената моќ на Бога што го штити својот народ одозгора. Апсидната слика (Христос во слава) ја носи истата теолошка порака – Исус на својот престол владее со светот и го благословува својот народ. Исус седи на својот небесен престол како владетел на светот, опкружен со ангели и светци кои го фалат. Архангелите Михаил и Габриел стојат однадвор. Во империјална облека, тие се појавуваат како војници на должност. Нивните надворешни раце држат стап со зборовите „СВЕТО, СВЕТО, СВЕТО“, постојана песна на ангелите на небото.               Црквата со столбови (турски Колонлу клисе).Скриен во издолжениот карпест гребен, преполн со гулабници, името го добива по своите високи столбови, сигурно некои од највисоките во цела Кападокија. Единствените слики на sидовите се мали геометриски модели во окер. Примамливо е да се претпостави дека датира од 10 век.       

ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите пропратен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата.

Доживејте ја магијата на единствената мистична изведба на Дервишите..  

Вечера*Ноќевање .

06 ден 02.01.2022:  ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:  “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”- СКОПЈЕ

Појадок. Го оставаме багажот во автобус. Слободен ден.

Предлагаме посебно возбудлив излет: “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”-  Ве водиме буквално во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со посета на  “Ѓореме музејот на отворено”– огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита  на УНЕСКОод 1984 год.

Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде  посетуваме традиционална работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир. Ручек во локален ресторан.

После ручекот следат посети и разгледувања на најубавите долини:

Дервент – долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туф, наречени “Волшебни Самовилини оџаци”.

Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.

Пашаба – или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„.  Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најсликано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„.

Полни со впечатоци, во попладневните часови поаѓаме кон Македонија, со попатна посета на трговскиот центар Форум во Невшехир.

 Патувањето води покрај Истанбул,преку Грција со попатни паузи.

07 Ден 03.01.2022: СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во попладневните  часови.

ЦЕНА:

  • 3 Ноќевања со појадок  во  Хотел TOURIST 4* во Ѓореме
    ПРОМО цена за резервации до 25.11.2021: 189 € / 11.720 ден /. Редовна цена 209 € / 12.960 ден
  • 3 Ноќевања со појадок  во Cаve/ stone пештерски хотел OSMAN BEY* во Ѓореме
    ПРОМО цена за резервации до 25.11.2021: 209 € / 12960 ден / Редовна цена 229€ / 14.200 ден
  •   + 1 Ноќевања со појадок  во Истанбул хотел со 3/4*
  • Доплата за 2 Полупансиони во Ѓореме + пред новогодишна вечера – 25/ 1 550 ден. по лице

Цената вклучува:

  • 3 Ноќевања со појадок (шведска маса) во х. TOURIST 4*во Ѓореме  https://www.touristhotel.com.tr , или
  • 3 Ноќевања со појадок (шведска маса) во х. OSMAN BEYCAVE HOUSE   или сличен во Гореме, во срцето на Кападокија..   http://osmanbeycavehouse.com
  • 1 ноќевање со појадок во ИСТАНБУЛ, хотел со 3/4*
  • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу
  • Прошетка низ Гореме,
  • Посета на трговски центар Форум во Невшехи
  • Организација на патувањето,
  • Лиценциран, искусен туристички придружник на патувањето.
  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација. 

Цената НЕ вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување 210 мкд,
  • 2 полупансиони во вашиот хотел + 1предновогодишна вечера во ресторан во Гореме: (20€), (пред резервација и плаќање во агенција)
  • “Магична Кападокија”, вклучен ручек, влезници,превоз, локален водич: (45€),
  • “Срцето на Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич: (45€),
  • “Мистична Кападокија”, вклучен ручек, превоз, локален водич : (25€),

ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА

“Магична Кападокија” + “Срцето на Кападокија” + “Мистична Кападокија” = 100 €

  •  ATV SUNSET TOUR, трансфери, водич, 2 часа возење, кацига: (15€) по лице (мин 2 лица)
  •  Црвена Долина со залез на сонцето, превоз, локален водич: (10€),
  • Турска вечер со шоу програма, мезе и пијалок, превоз, локален водич: (30€),
  • Танц на дервишите : церемонија , превоз, локален водич: (25€),
  • Лет со балон  – (од 100 €) . Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација.*Цената може да претрпи промени.
  • Панорамско разгледување на Истанбул со автобус и локален водич. (10€),
  • Крстарење по Босфор – (20€),
  • Азиски дел на Истанбул – (10€),
  • ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВА ИСТАНБУЛ: (30€),
  • Туристичка такса 2 €  по лице од ноќ. ( се плаќа во агенција, во денарска противредност )
  • Доплата за еднокреветна соба :  Хотел 4* 4400 ден, Cave: 4700 ден 
  • ПЦР тест за влез во Турција доколку треба или ПЦР тест за враќање доколку треба.

ОПИС:

Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток… Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската… Доживеј те ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината… и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “.

“OSMANBAY” Cave/Stoneхотел во центарот на Гореме или сличен … – Уникатно доживување, престој во реновирани пештерски куќи, луксузно опремени соби со ТВ, купатило и тоалет, клима/греење…Со прекрасен поглед од терасата на хотелот кон многуте Самовилини оџаци и панорамата на Гореме. Wi-Fi

“ТOURIST” хотел 4*: Сместен во Гореме, на плато од каде полетуваат балоните, со поглед на Музејот на Отворено и на Самовилините оџаци. На само неколку мин. од центарот на Гореме.

Со голем базен пред самиот ресторан. Пространи соби со купатило и тоалет, клима, ТВ. Wi-Fi

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Задолжителен сертификат за вакцинација, ПЦР  или Антиген тест за влез во Турција. Патуваме безбедно и по протокол.  
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.
  • Седењето во автобус е според датумот на уплатата.
  • Пасошот треба да биде со важност од мин. 6 месеци од завршување на аранжманот.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ