Нова Година 2021 – Кападокија – Авионска Програма

Нова Година 2021 – Кападокија – Авионска Програма

ПРОГРАМА:

6 дена / 5 ноќевања со појадок / авионска програма

30.12.2020 / 1 Ден:

Пристигнување на аеродромот во Скопје 3 часа пред лет. Полетување за Кападокија преку Истанбул во 09:05 и пристигнување во Кападокија во 16:10. Трансфер до хотел. Сместување и ноќевање

31.12.2020-03.01.2021 / 2-5 Ден:

Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности.

04.01.2021 / 6 ден:

Појадок. Трансфер до аеродром и лет за Скопје. Пристигнување во Скопје во 19:50

ЦЕНА:

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 460 ЕВРА / 28.520 мкд

  • Цената е по лице за сместување во стандард двокреветна соба

Цената вклучува:

  • Авионски билет со авиокомпанија „Turkish Airlines“ со вклучен чекиран багаж до 30кг. и оброк за време на лет (согласно политика на авиокомпанија), со ВКЛУЧЕНИ АЕРОДРОМСКИ ТАКСИ
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување на услуга ноќевање со појадок во Кападокија хотел Artemis Cave Suites 5*
  • Организиција на аранжманот

Цената НЕ вклучува:

  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Дополнителни оброци

Предлог индивидуални активности:

  • Разглед на Кападокија, една од најпознатите туристички дестинации во Турција, годишно посетувана од околу два и пол милиони туристи од целиот свет. Она што ги привлекува посетителите е комбинацијата на природна убавина и уникатна архитектура, создадени како резултат на дејството на вулканската лава, силните ветрови и обилните дождови.
  • Долината на Гулабите, која се наоѓа помеѓу Ѓореме и Учхисар и е идеална за пешачење. Името потекнува од илјадниците “куќи” на гулаби кои биле врежани во мекиот туф уште од античко време. Иако можат да се најдат низ цела Кападокија, тие се особено бројни во оваа долина.
  • ATV Tour
  • Летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, несекојдневно доживување.
  • Учисар замокот, кој го прави пределот на Кападокија уште поинтересен. Овој замок е на највисоката точка во Учхисар и со преубав поглед на околните градови. Замокот Учисар изгледа како вонземјаните набрзина да го создале не обрнувајки вниманиe на симетријата. Уживајте во прекрасниот поглед пиејќи Турски чај.
  • Долината Дервент позната и како Розова долина или Имагинарна долина, која за разлика од другите долини во регионот Кападокија, никогаш не била населена со луѓе. Она што ги привлекува посетителите во долината Деврент се неверојатните карпести формации во розова боја и геолошките аномалии кои се формирани со
    вековна ерозија. Распрснати низ долината, можете да најдете карпи во облик на животни и самовилни оџаци меѓу другите интересни формации, најлесно е да се забележат делфинот, змијата, фоката, алигаторот. Слободно искористете ја вашата имагинација додека резгледувате.

ОПИС:

Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток… Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската… Доживеј те ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината… и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • За време на летот со патниците ќе мора да се придржуваат до протоколите пропишани од авио компанијата. Исто важи и за време на престој на аеродормите и при транзитирање преку аеродормот во Истанбул
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, за влез во Турција патната исправа потребно е да е валидна минимум 6 месеци од датумот на враќање.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ