You are currently viewing Кападокија-Велигден 2025

Кападокија Велигден

ОПИС:

Кападокија е една од најфасцинантните и најпосетуваните туристички дестинации во Турција. Сместена во централниот дел на земјата, оваа регија е позната по своите неверојатни природни формации, древни пештерски населенија и богатата историја. Кападокија е географски позната по своите уникатни камени формации, познати како свештенички капи, кои се резултат на ерозија и вулканска активност која траела милиони години. Под дејство на водата и воздухот се создале тие чудни форми- чуда на природата.
Кападокија е чудесно место каде природата, историјата и културата се спојуваат во една несекојдневна и незаборавна авантура. Без разлика дали сте љубител на природата, историјата или сакате да искусите нешто ново, Кападокија ќе ве остави без здив.

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ – 239 евра

РЕДОВНА ЦЕНА – 269евра

Прв ден (17.04.2025) – четврток
Собир на групата во утринските часови. Заминување кон Турција во 09.00 часот. Се патува преку граничен премин Богородица. Дневно и ноќно патување преку Грција со попатни паузи. Патувањето трае отприлика 24ч.

Втор ден (18.04.2025) – петок
Предвидена подолга пауза пред пристигнувањето на второто по големина солено езеро Туз Ѓолу (Tuz Gölü). Пристигнување во Кападокија во пладневните часови, област која е позната по своите релјефни форми од пред десет илјади години по истовременото избувнување на два вулкана (Ерчисе и Хасанда). Оваа област е споменета уште во Библијата. Раните Христијани се населиле во областа за слободно да ја проповедаат својата религија.
Сместување во хотел. Во договореното време факултативно се поаѓа на традиционална турска ноќ со програма на познатите Дервиши каде имате достапност на алкохол и мезе. Враќање во хотел. Ноќевање.

Трет ден (19.04.2025) – сабота
Појадок. Факултативен панорамски разглед. Поаѓање за Ѓореме – огромен манастирски комплекс, посебни манастири – секој со своја единствена црква. Самата долина ги содржи најубавите цркви вклесани во карпите, со преубави фрески чии бои ја задржале нивната оригинална свежина. Самото место е под заштита на УНЕСКО уште од 1984 година. Посета на Црквата Св.Варвара (11.век), Змиската Црква (11.век), Епл Црквата (12.век), Темната Црква (11.век), Сандали Црквата (12-13.век). По манастирскиот комплекс групата се упатува на посета на Зелве. Слободно време за ручек. Посета на глинена – порксалан фабрика, имагинарната и Свети Симон долината. Во попладневдните часови се упатуваме кон Црвената Долина каде ќе бидеме сведоци на најубавото зајдисонце и каде се доживува една од најубавите глетки кои некогаш воопшто сте ги виделе. Враќање во хотел. Ноќевање.

Четврти ден (20.04.2025) – недела
Појадок. Во договорено време заедно со локален водич одиме на посета на подземниот град Деринкоју, посета на манастирите на Селим, долината на галебите, фабрика за оникс и скапоцени камења. По разгледот се упатуваме во долината на Ихлара. Предвидено враќање назад во хотел во 18ч. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Петти ден (21.04.2025) – понеделник
Рано наутро околу 04:00 часот, можност за факулативен лет со балон на топол воздух над самовилските оџаци на магичното изгрејсонце во Кападокија. Класичната обиколка на оваа туристичка атракција во Централна Анатолија од балон го вклучува разгледувањето на местото Ѓореме од воздух кое целосно е сместено помеѓу карпи, а во кое и денес живеат голем број жители.
Појадок. По појадокот спакувани и одјавени од хотелот во договореното време тргнување назад за Македонија.

Шести ден (22.04.2025) – вторник
Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

СЛИКИ:

Цената на аранжманот вклучува:

-бесплатен трансфер од Битола, Прилеп и Црна Река
-автобуски превоз на горенаведената релација
-3 ноќевања со појадок во 3* хотел во Кападокија
пратител за време на патувањето

Цената на арнжманот НЕ вклучува:

-посета на манастирскиот комплекс Ѓореме, долината Зелве и Црвената Долина со локален водич и превоз – 55 евра по лице
-посета на подземниот град Деринкоју, манастирите на Селим и долината Илхара со локален водич и превоз – 50 евра по лице

МОЖНОСТ ЗА ЈАВАЊЕ НА КОЊИ, КАМИЛИ И ЏИП САФАРИ (ДОГОВОР НА ЛИЦЕ МЕСТО)

-едночасовно летање со балон во Кападокија ЦЕНАТА Е ПАЗАРНА ОДНОСНО ЌЕ СЕ ЗНАЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО И БИ СЕ ЛЕТАЛО ВО ЗАВИСНОСТ ОД ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ (ЈАЧИНА НА ВЕТЕР, ВРНЕЖИ И СЛИЧНО)
-турска национална вечер (45 евра по лице)
-патничко осигурување
-индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ:

-За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
-Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
-Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
-За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
-За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
-За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
-Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
-Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
-Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

 ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ