You are currently viewing 8МИ МАРТ 2021 – КАПАДОКИЈА , ТУРЦИЈА АВИО ПРОГРАМА

КАПАДОКИЈА – АВИОНСКА ПРОГРАМА

ТЕРМИН:  05.03 – 08.03 (3 ноќевaња)

ПРОГРАМА : 

1. ДЕН  – СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ – КАПАДОКИЈА 

Состанок на меѓународниот аеродром во Скопје 2 часа пред летот, по што следува чекирање и задолжителни пасошки и царниски формалности. Се полетува во 10:20 часот, со компанијата PEGASUS AIRLINES. Слетување во Истанбул и преместување на домашниот терминал од каде што летот продолжува за Кајсери, со 2 ипол часа разлика помеѓу летовите. Пристигнување во Кајсери во 17:50часот. Трансфер до хотелот во местото Ѓореме во самото срце на Кападокија. Следува сместување во хотел.Ноќевање.

2. ДЕН – 3ДЕН  – МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА (Црвена тура) – АДРЕНАЛИНСКА QUAD BIKE ТУРА

Појадок. По појадокот следува целодневен факултативен излет мистична Кападокија” (северна т.е црвена тура). За време на оваа преубава тура ќе имате прилика да се запознаете со најубавите и најпознати предјадења на Кападокија. Излетот го започнуваме веднаш по појадокот, а нашата прва станица е величенствениот видиковец кој е сместен над градот Ѓореме, каде што од страна на локалниот водич ќе ги добиеме сите информации и занимливости за богатата историја на Кападокија и единствените камени формации, чиј географски облик е формиран пред околу 10.000 години.
По панорамскиот разглед се посетува замокот “Uchisar” и највисоката точка на Кападокија – музејот на отворено Ѓореме (кој е под заштита на УНЕСКО) во кој се сместени некои од најдобрите примероци од куќи и цркви во карпи.
Можност и за посета на традиционалната фабрика за грнчарство или некоја од продавниците за ќилими. Патот понатаму не води кон напуштеното село Чавушин и местото Аванос, по што правиме пауза за ручек каде што ќе ја дегустираме автентичната турска кујна.
На оваа тура ќе имате прилика да направите фасцинантни фотогравии во долината Пасабаг, како и во Монковата долина препознатлива по специфичните оџаци на куќите кои се во облик на печурка, како и во долината Деврент позната по своите карпи во облик на животни. Во попладневните часови следува враќање кон хотелот. Слободно време за одмор и уживање. Ноќевање.

КАПАДОКИЈА ОД ВОЗДУХ (МАГИЧЕН ЛЕТ СО БАЛОН) ДРЕВНА КАПАДОКИЈА (Зелена т.е јужна тура) 

Појадок. Во раните утрински часови нудиме доживување кое се памти! Можност за факултативно летање со балон над прекрасната Кападокија (поаѓање од хотел во 04:30ч). Покрај магичните впечатоци кои ќе ви останат во трајно сеќавање, Кападокија се издвојува и по шарените балони кои што претставуваат и прва асоцијација на овој магичен град и патувањето со нив е најомилената активност на посетителите. Факултативниот излет го започнуваме во раните утрински часови  пред изгрејсонце, а самиот лет трае околу 1 час. Балоните немаат однапред испланирана рута туку летаат буквално каде што ги носи ветрот. Се искачуваме на 300м надморска висина, а под нас се наоѓа цела област прекриена со фантастични релјефни формации, кои се формирани од бел вулкански пепел, а нив локалното население ги нарекува “Вилински оџаци”.
Преку стотина балони се истовремено во воздухот, додека ние уживаме фасцинантната глетка на изгрејсонцето. Чудесниот лет завршува со слетување во непосредна близина од местот од кое што сме полетале, каде што не чекаат комбиња кои не враќаат назад во градот. Враќање назад кон хотелот.

Следува факултативен излет во претпладневните часови кој го започнуваме со посета на подземниот град Деринкују, кој е еден од најголемите подземни градови во светот. Во него некогаш живееле околу 50.000 жители на 8 различни нивоа и претставува најголем пронајден подземен град во Турција. Денес за туристички цели се отворени 4 нивоа, а шетајки низ тунелите ќе откриеме фасцинантни ванариим, кујни и соби за дневен престој кои датираат уште од 7 век п.н.е. Потоа одиме во долината Ихлара и проаѓаме низ долгиот кањон на реката Мелендиз, која претставува необична збирка на изрезбани карпи во кои се наоѓаат стотина куќички, испресечени со голем број рекички. Ќе направиме пазуа во селото Белисирма, каде што ќе имаме слободно време за ручек. Излетот го продолжуваме до манастирот Селме, најголем камен манастир во Кападокија со огромна пештерска катедрала и преубав поглед на околината.  По враќањето во Учисар застануваме на преубавиот видиковец кој гледа кон голубовата долина, каде што ќе дознаеме зошто галебите отсекогаш имале посебно место во срцата на жителите на Кападокија. Во попладневните часови следува враќање кон хотелот. Слободно време за одмор и уживање. 

4. ДЕН – КАПАДОКИЈА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Следува напуштање на хотелот и трансфер до аеродромот во Кајсери. Чекирање на летот за Истанбул. Летот од Кајсери до Истанбул е закажан за во 07:30ч. Слетување во Истанбул и чекирање на летот од Истанбул за Скопје. Слетувањето во Скопје е предвидено за во 09:20ч по локално македонско време.

СЛИКИ : 

 

ЦЕНА : 

ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 399€

ПРОМОТИВНА ЦЕНА – од 309€

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Повратен авио билет на релација СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ (PEGASUS AIRLINES)
  • Аеродромски такси
  • Вклучен кабински багаж 55 x 40 x 20
  • 3 ноќевања со појадок во хотел OSMANLI CAPPADOCIA HOTEL 4*  во местото Ѓораме
  • Трансфери аеродром – хотел – аеродром
  • Комплетна организација и реализација со водич на патувањето

 ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Доплата за 1/1 соба – 80€
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети
  • Доплата за рачен багаж 20кг – 25€ 
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНО патничко здравствено осигурување – 7€

 ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • Мистична Кападокија – 40€
  • Древна Кападокија – 40€
  • Летање со балони во Кападокија (1час) – 100-120€ во зависност од типот на балон и бројот на особи
  • Традиционална турска вечер – 35€
  • Адреналинска QUAD BIKE тура – 25€

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО:

http://www.grandcappadocia.com/

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на програмот, како и редоследот на посети по денови, во било која ситуација и од било кои причини или околности кои би претставувале пречка за реализација на истиот. Истиот ќе биде реализиран веднаш во првата ситуација кога за тоа ќе има можност.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на цената на аранжманот во кои е вклучен авио превоз, доколку на летот има промена во авионската карта, агенцијата не одговара за тоа и разликата во цената ја сноси патникот. 
  • Агенцијата го задржува правото на промена на програмот, во однос на времето на летање, кое ИСКЛУЧИВО зависи од времето на летање на авио компанијата.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ