Кавала 8 ми Декември
Кавала е еден од најубавите и најпознатите градови во Егејска Македонија. За време на Божиќните празници секоја година во самиот град се украсува мал брод кој е поставен во централното пристаниште.
Програма
Ден 1: 07.12.2024 (Сабота)
Состанок на групата на Дрводекор во 04:30ч од Скопје и поаѓање во 05:00 часот од Дрводекор. Патување преку граничен премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала во пладневните часови и сместување во хотел. Влезот во соби е после 14:00ч. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта факултативна вечера во ресторан во Кавала. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 2: 08.12.2024 (Недела)
По појадокот се упатуваме на факултативна посета на градот Драма каде групата ќе има можност да го посети едно од најпознатите Божиќни села во Грција. Слободно време за индивидуални активности и можност да се пробаат божиќни слатки “kourabiedes” (колачи со бадеми покриени со шеќер во прав) и “melomakarono” (колачи со ореви полиени со сируп). Посета на Лидл. Во договорено време враќање назад во Кавала. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Ден 3: 09.12.2024 (Понеделник)
Појадок, по појадокот слободно време за индивидуални активности. Во договореното време тргнување назад за Македонија.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА: 139 ЕВРА
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз на дадената релација
– 2 ноќевања со појадок во Hotel Oceanis 3* (https://www.oceaniskavala.gr/en/)
– Организација на патувањето и пратител
Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Целодневна факултативна посета на Драма и Божиќниот маркет – 20 евра
-Вечера во ресторан (цена наскоро)
-Задолжителна туристичка такса 2,5 евра по лице
-Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
-За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
-Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
-За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
-За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
-За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето со С. Македонија.
-Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
-Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
-Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место