You are currently viewing Кефалонија – Лето 2022

ЛЕТО НА КЕФАЛОНИЈА 2022 

Кефалонија е најголемиот Јонски остров, сместен јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Кефалонија е грчки остров, кој ќе Ве маѓепса на прв поглед. Обалата му е преполна со заливи. Плажите претежно се каменести, но има и песочни плажи. Тоа што најмногу ќе ве воодушеви на овој остров е кристално чистото море! Кефалонија е остров со чудесни пејзажи, преубави плажи, симпатични места, љубезни домаќини, остров на мирот и спокојот, кое ќе ве натера повторно да го посетите.

Порос од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместно е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружено е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно гратче и е пристаниште во кое доаѓаат туристи најмногу од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до пажата Скала 12 км. Порос ги има скоро сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонијаефалинија, а тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез.

Дали знаете?

  • Национален танц на жителите на Кефалонија е познатиот “balos” – танц на орли, кој со слична кореографија може да се види кај жителите на Киргистан.
  • Кефалонија најчесто се поврзува со книгата и филмот “Мандолината на Капетанот Корели”. Филмот е снимен на островот во 2001 година, а главни актери биле Николас Кејџ и Пенелопе Круз.
  • Се зборува дека и Момо Капор има летувано на овој остров.

Едно од географските чуда на Кефалонија е езерото Мелисани, кое според легендите името го добило по нимфата Мелисани, која се удавила во истото поради невозвратената љубов од богот Пан.

Термини Вила Алекос Вила Дина
9  Ноќевања 1/5 1/5 1/4 1/4 1/3 1/3 1/2 1/2 1/2 1/2
10.07-21.07 210 189 217 195 220 199 232 209 232 209
19.07-30.07 210 189 217 195 220 199 232 209 232 209
28.07-08.08 210 189 217 195 220 199 232 209 232 209
06.08-17.08 210 189 217 195 220 199 232 209 232 209
15.08-26.08 210 189 217 195 220 199 232 209 232 209
24.08-04.09 210 189 217 195 220 199 232 209 232 209

Цените со црвено се промо цени и важат за резервација и уплата од 50% до 31.03.2022

ВИЛА АЛЕКОС

Вила Алекос располага со двокреветни и трокреветни студија и еден петокреветен апартман.
Сите соби имаат клима ( доплата на лице место), кујна и тераса.Вилата се наоѓа на 50 метри од центарот на градот и 150 метри од градската плажа.

ВИЛА ДИНА

Вила Дина располага со двокреветни студија. Секоја соба има кујна која е опремена со решо и фрижидер како и сосптвено купатило и сопствена тераса. Вилата е на 50 метри од плажа и на 70 метри од центарот на Порос.

Плажа Миртос

Најубава плажа на островот е познатата Myrthos Beach која се наоѓа на Северозападниот дел на Кефалонија, која е заштитен знак на островот. Плажата е 12 пати прогласувана за најубава плажа во Грција. Оваа плажа е со бели камчиња и токму заради тоа бојата на морето е сина како на сликовница, оваа плажа многу наликува на плажите на Лефкада.

Овој ден продолжуваме и на плажа Макрос Гиалос, во beach bar Costa Costa, каде што ќе можете да уживате со музика, релаксација на плажа или водни спортови.

Плажа Антисамос

Антисамос плажата е втората плажа по убавина после Миртос. На самата плажа е сместен манастирот Агрилион, од каде погледот остава без здив. Белиот песок и ситните бели камчиња ја прават волшебна.

Плажа Скала

Кристално чиста вода, вегетација која расте речиси на плажата која е долга преку 3км. Ова се само неколку причини поради кои Скала е еден од најважните туристички центри на Кефалонија. Ова е идеална плажа за вистински да се одморите со книга или пиво во рака  🙂

Крстарење до Островот Закинтосинтос

Да се посети уште еден остров за време на вашето патување, ова е прекрасна можност. Овој прекрасен ден ќе ја посетиме прекрасната плажа Навагио. А истовремено ќе ги видиме Сините пештери и местото Агиос Николаос, каде што ќе имаме слободно време за кафе или ручек.

Овој остров ќе ве воодушеви со прекрасното тиркизно море.

Главниот град на Кефалонија – Аргостоли

Аристоли е главниот град на Кефалонија и е сместен на едниот крај од  заливот, а со другата страна на заливот е поврзан со преубавиот камен мост кој е заштитен знак на Островот.

Овој мост е еднинствениот кој го преживеал земјотресот од 1953 година кога цел град бил срамнет со земја.

Во овој град ќе можете да  посетите некој од поголемиот број на кафичи, ресторани, таверни, сувенирници и да прошетате по преубаво уреденото шеталиште покрај самото море, кое е исто така заштитен знак на овој преубав град.

Етно Тура

Овој ден го поминуваме во посета на културни дестинации на Кефалонија.

На источниот брег на Кефалонија, во близина на градот се наоѓа и неверојатната пештера Мелисани и истоименото живописно подземно езеро.

Ова место со право се смета за едно од најубавите природни знаменитости на Грција. Да ја посетите Кефалонија а да не го посетите ова чудо на природата е навистина жално.

Од овде одиме да го посетиме манастирот свети Герасимос- чудотворецот и заштитникот на овој остров.

Потоа винаријата Робола, каде што ќе може да дегустирате од ова прекрасно вино. И од овде го завршуваме денот повторно на плажа Макрос Гиалос.

Вечерен излет во Скала

Скала е место што веќе преку ден ќе го посетиме, но истото сосем различно изгледа навечер. Ова е најгостопримливото место во близина на Порос кое е гнездо на најромантични ресторани со најголем избор на грчка традиционална кујна и медитерански специјалитети. Идеален излет за сите гурмани и романтичари.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Сместување на база 9 ноќевање на Кефалонија/Порос по лице
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Превоз со брод на релација Килини – Порос – Килини-25 еур
  • Факултативни излети
  • ПЦР тест доколку не сте вакцинирани
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба:приватно сместување – 0,5 евра, се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко и здравствено осигурување

Напомена:

  • За патниците кои не користат превоз од агенцијата цената не се намалува
  • Наведените дати во табелата се однесуваат за тргнување од Скопје.
  • Доколку тргнувате од друг град, а не од Скопје, може да се информирате во агенцијата
  • Напуштање на собите е во 09:00 часот (локално време)
  • Тргнувањето од Кефалонија/Порос е предвидено во попладневните часови.
  • Користење само на превоз е 99евра.