You are currently viewing Кипар- св. Кирил и Методиј – Мај 2025

св. Кирил и Методиј на Кипар во Мај

ОПИС

Ларнака/Агиа Напа/Тродос/Фамагуста/Омодос/Никозија/Солун
Кипар е живописен остров во Средоземното Море кој постојано го привлекува вниманието на илјадници туристи. Оваа област вешто ги комбинира урнатините на античките грчки храмови, остатоци од населби кои датираат од камено време, величествени византиски, па дури и готски катедрали. Ние сакаме во неколку дена на да пробаме да ви пги преставиме  иконски места на островот. Кипар е најголемиот од трите големи медитеранските острови. Со површина од 9250 квадратни. км. Сепак, не треба многу за да го преминете нагоре и надолу и се погледнат сите атракции. Со автомобил или бус од север кон југ, е да се помине во најширока точка 96 километри, а од исток кон запад повеќе – 224 km. Релјефот на островот Кипар е различен: песочни плажи и карпести гребени, долини и ридови, борови шуми и планински масиви.

Програма на патувањето

1. ден 23.05.2025 (петок)  Солун  – Ларнака
Состанок на групата со организиран превоз (опционално) на Спортска сала Битола во 15.00 часот. Патување за Солун преку граничен премин Меџитлија. Состанок на групата на групата на аеродром Солун во 21.30 часот (грчко време) и чекирање на лет Wizzair. Полетување за Ларнака во 23,30 часот (грчко време).  Пристигнување на аеродромот во Ларнака во 01.30 часот.  Трансфер и сместување во хотел во Агиа Напа.  Ноќевање 1.
2. ден 24.05.2025 (сабота)  Агиа Напа – Планината Тродос-Омодос 
Појадок. Целодневна екскурзија (опционално 60 eur) на планината Тродос и селото Омодос. Екскурзија во планинскиот дел на Кипар, каде ќе ја посетиме византиската црква Св.Никола која е под заштита на Светско наследство на Унеско, Манастирот Кикос, традиционалното село Омодос, ќе посетиме локална винарија, и ќе имаме можност да ги вкусиме кипарските вина. Омодос е едно од најтрадиционалните и најшармантните села на островот. Селото постои од периодот на Франките и е означено како „Хомодос“ и „Хомоклос“ на старите карти, а неговото име потекнува од грчкиот збор за улица – „одос“. Познат по виното, позитивната енергија, рачно изработените тесно плетени врвки и лебот „аркатена“, неговата чудна околина е совршена за агротуризам. И покрај неговата скромна големина, Омодос има многу интересни глетки. Сместени во непосредна близина еден до друг се калдрманиот плоштад, старите камени куќи, локалните винарии, средновековната преса за вино и манастирот Тимиос Ставрос (Светиот крст), со старите икони и импресивни резби. Ќе видиме  и музеј посветен на НОБ, како и центар за зачувување на тесно плетените врвки и Музеј на икони. Враќање во Агиа Напа попладнето. Слободно време. Ноќевање 2
3. ден 25.05.2025 (недела)  Лефкара – Никозија  
Појадок.  По појадокот организирано  (опционално 60 eur) заминување и посета на главниот град на Кипар – Никозија.  Град поделен на два дела и две временски зони, граница и пасошка контрола.  Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред  е посебно искуство.   Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е  наречен  Laiki Getonia , исполнет со голем број на продавници, кафичи, атељеа  и тесни улички.   Посета на Кипарскиот Археолошки музеј кој поседува голема колекција  на предмети од преку 9000 годишна историја на островот.  Голем број од старите куќи се рестарвирани, а во рамките на стариот град  се наоѓа  Етнографскиот музеј, Катедралата на Св Јован, големата палата на  Архиепископот  Макариос  III  првиот и доживотен претседател на републиката,  како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во сопственост  на Кипарската православна цркава. Ќе го посетиме Бујук Хан, како и традиционалното село Лефкара. Слободно време за ручек.  По ручекот се заминува према зелената линија  и познатиот зид кој  го дели Кипар на Грчки и Турски дел.  Враќање во хотел во Агиа Напа. Слободна вечер со можност за посета на ноќен клуб. Ноќевање 3.
4 ден 26.05.2025 (понеделник)  Северот на Кипар – Фамагуста и Керинија 
Појадок. Организирана  екскурзија (опционално 60 eur)  на Фамагуста и Керинија. Екскурзијата ја започнуваме со застанување на чекпоинтот Деринија каде ќе се запознаеме со историски моменти на Кипар, со отворање на два контролни пункта по повеќе од половина век. Официјални лица од двете страни ги отвориле ови гранични премини  за првпат по многу години, поддржани од ОН. Поделените кипарски Грци поминувале низ источниот граничен пункт Деринија, минувајќи покрај мировниците на Обединетите нации кон отцепениот север поддржан од Турција. Во исто време, преминот Лефка-Аплики бил отворен во северозападниот дел на источниот медитерански остров. Пред повторното отворање на преминот Деринија, војниците ги отстраниле бариерите завиткани со ‘рѓосана бодликава жица. Продолжуваме кон Градот на Духовите-Фамагуста.Фамагуста, грчки Амохостос, турски Гази Магуса, главно пристаниште во делот на северен Кипар под управа на кипарските Турци. Лежи на источниот брег на островот во заливот помеѓу Кејп Греко и Елоеа и е на околу 50 км источно од Никозија. Пристаништето се одликува како најдлабокото пристаниште на Кипар. Фамагуста е франска кованица  на неговото грчко име, што значи „закопана во песок“, опис на заленото устие на реката Педиеос северно од градот. Основана е како Арсиноа од македонскиот египетски крал Птоломеј II (308–246 п.н.е.). Ќе ја посетиме Готската црква Св.Никола и Керинија каде ќе имаме можност да го посетиме замокот во Керинија. Киренија е живописно пристаниште, и е најпопуларната туристичка дестинација во Северен Кипар. Венецијански пристанишен град кој е опкружен од прекрасните пошумени ридови на планините Бешпармак. Ќе го посетиме и прекрасното село Белапаис и неговата прекрасна опатија која се  наоѓа на природна тераса во пошумените планини Пет прсти (Peristeri -од каде доаѓа името и на нашиот Пелистер) што се издигнуваат јужно од Киренија. Селото  зрачи со спокојство, се наоѓа чекор назад во времето, и го заменува  метежот и вревата на модерното време, со мир и спокојство за оние кои  живеат  или престојуваат помеѓу неговите тивки патеки и варосани куќи. Навистина, името Bellapais доаѓа од францускиот „belle paix“, што се преведува како „убав мир“. Враќање во Агиа Напа. Слободна вечер. Ноќевање 4.
5 ден 27.05.2025 (вторник)   Ларнака- Солун-Македонија 
Појадок. Слободно време за одмор и релаксација во хотелот и блиската плажа. Одјавување од хотел во 12.00 часот но можност да се користат базенот и удобствата на хотелот се до заминување попладнето. Трансфер до аеродромот во Ларнака во 17.00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување од Ларнака  во  20.15  часот Пристигнување во Солун во 22.25 часот.  Заминување за Македонија за групата со организиран превоз  и пристинување во вечерните часови. Организирани трансфери по градови.

Цена на аранжманот: 469 Еур/29,078,00 денари
Продолжен попуст за уплата до 30/03/2025 : 436 Еур/27,032

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Авиокарта Солун-Ларнака РТ со вклучен рачен багаж (30х40х20- 8кг)
  • 4 ноќевања со појадок во  хотел CORFU 4* (плажа, базени) во Агиа Напа  https://www.corfuhotel.com.cy/
  • Организиран трансфер од/до аеродром Ларнака
  • Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Организиран трансфер (Битола -Солун – Битола) 40 Еур
  • Екскурзија Тродос и Омодос 60 Еур
  • Екскурзија Лефкара- Никозија 55 Еур
  • Ексурзија Фамагуста – Керинија 60 Еур
  • Багаж 10кг (55 x 40 x 23 cm)– на барање
  • Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
  • Влезници за посета на локалитетите
  • Доплата трансфер други градови 10 Еур
  • Паркинг аеродром Солун (40 Еур/ кола /5 дена)
  • Патничко и здравствено осигурување 150 мкд

СЛИКИ

Доплати и информации

  • Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје, Велес, Прилеп, Охрид и Кавадарци 10 Еур/лице
  • Доплата за еднокреветна соба 96 Еур /Дете: 2-12 години 399 Еур
  • НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 20 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. 
  • Времето на Кипар во мај е сончево со дневни температури од 24-34 °C. Мај е еден од најдобрите месеци за посета на Кипар.
  • Времето е убаво и топло но без вишок летни горештини.
  • Што да носите за време на вашите празници во мај
  • Времето во мај е одлично за пливање, сончање, разгледување знаменитости, истражување на селата и уживање во вашите омилени спортови.
  • Просечно време во мај
    Мајско време: Сончево и топло!
    Сончеви денови: 95% од деновите ќе бидат сончеви.
    Дожд: Во просек 2-3 врнежливи денови.
    Дневна температура: 24-34 °C
    Пливање: Температура на водата 20-23 °C
    Зајдисонце: Сонцето заоѓа во 19:45 часот

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

 ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ