Најчесто поставувани прашања Ваучери Covid – 19
  • Post category:COVID-19

Најчесто поставувани прашања
Ваучери Covid – 19

1. Од кога се почнува со користење на Ваучерите?

Со отворањето на канцелариите странките ќе можат да си ги подигнат вредносните ваучери издадени на претходно уплатената сума.
Истите можат да ги искористат за:
 Да ја потврдат постоечката резервација веднаш ( доколку има услови за реализација на истата )
– Да ја променат резервацијата со друг датум во моментот на подигнувањето на Ваучерот.
 Да го задржат Ваучерот се додека не се одлучат да букираат нов аранжман.
– Да го предадат Ваучерот на друго лице доколку не се во можност да патуваат или несакаат да го искористат со потпишување на изјава за истото.

2. Дали треба да се поднесува барање за Ваучер?

За секоја резервација автоматски е издаден Ваучер без поднесување на барање од странките. Крајниот рок до кога може да се подигнат ваучерите не е сеуште дефиниран и истиот ќе биде дефиниран во моментот кога ќе раполагаме со соодветни информации за тоа кога ќе може да се патува.

3. Дали ова значи дека нема да има аранжмани за лето?

Не, ние се надеваме дека ситуацијата ќе се промени и за брзо ќе бидеме во можност да патуваме и да ги реализираме сите планирани аранжмани, меѓутоа за да ги заштитиме Вашите влогови потребно е да се придржуваме до уредба / одлука од Влада на СРМ па доколку е се во ред ќе може да ги пребукираме истите аранжмани , со промена на датум или промена на друг аранжман.

4. Под кои услови ќе се издаваат Ваучерите за Авио карти?

Зависно преку која компанија е издадена авионската карта сите странки ќе бидат информирани за условите според која компанијата ги поставува.

5. Колку време по отворањето на канцелариите имаат рок да доплатат за да го задржат веќе изминатиот попуст Early Booking ?

Сите резервации со Еarly Booking попуст, кој веќе истекол за време на вонредната состојба странките ќе имаат можност да си ги доплатат истите задржувајќи го попустот , доколку долатата се изврши до 15 дена по отворањето на канцелариите.

6. Дали може парите од резервацијата што ја откажуваат странките , односно е издаден врдносен ваучер , да се префрлат за друга постоечка резервација која не е доплатена ?

– и за каков аранжман ваучерот ќе може да се искористи ?

Доколку странката има веќе постоечка резервација ( аранжман – наш закуп ) би можела да си ги го искористи Ваучерот за доплата на другиот аранжман.

Ваучер од добавувач ( закуп на друга агенција/ тур-оператор ) нема можност да се искористи за доплата на друг аранжман.

Ваучерите имаат важност за аранмжман од ист тип како претходно направената резервација :

– Ваучер за резервација од сопствен закуп има важност за идна резервација од сопствен закуп.

– Ваучер за резервација од странски / домашен тоур оператор / друга туристичка агенција има важност за идна резервација од истиот.

7. Дали може да се прекинат ратите за туристичките кредити и ратите преку синдикати и само за досега уплатениот изност да се издаде Ваучер?

Не, притоа на секоја странка му следува ваучер еднаков на сумата уплатена до нас од страна на ( синдикатот/банка ) иако странките ги немаат доплатено ратите кај нив.

Уплатата на рата е нивна обврска кон нив а не кон агнецијата.

Доколку синдикатот/банката нема уплатено кон нас во тој случај нема можност да се издаде Вуачер на странката.

8. Зошто не се валидни Општите Услови на патување на СКТМ ако странките откажуваат аранжман од друга причина?

За време на вонредната состојба беше донесена Уредба од Министерството со која беше дадено насока сите аранжмани да се откажат навремено со цел да се заштитат влоговите на клиентите а , со истото и на агенциите и како производ на оваа одлука беше донесена одлука да се издаваат вредносни Ваучери за сите дотогаш направени резервации кои не би биле во можност да се реализираат или би сакале да ги преместат за друг период по завршувањето на опасноста од вирусот во согласност со терминот кој им одговара на клиентите.

За жал Општите Услови на патување на СКТМ не се валидни веќе , бидејќи во вонредна состојба се донесуваат нови уредби по кои мора да се водиме како што беше случајот сега. Од истите произлезе потребата да се откажат сите аранжмани и автоматски за истите да се издадат вредносни Ваучери.

 

9. Дали уплатената сума може да ја користат за повеќе од 1 аранжман доколку новоизбраните аранжмани имаат пониска вредност?

Од вкупната вредност на Ваучерот може да се букираат повеќе од 1 аранжман. Доколку сумата на 2 или повеќе аранжмани ја надминува сумата на Ваучерот ќе мора да се направи доплата. Доколку е пониска не се прави поврат на средства односно се смета дека Ваучерот е искористен.

10. Дали може дел од Ваучерот да се искористи а, остатокот подоцна?

Ваучерот може да се користи еднократно. Истиот може да биде искористен за повеќе од 1 аранжман меѓутоа не може да се користи дел а, остатокот да се остави за подоцна.

11. Која е процедура за резервации на барање?

Иако сите тур-оператори ќе имаат различни услови за жал уредбата во нашата држава не вклучи ставка со која ќе не заштити нас како агенција и странките во тој аспект.

Кога има отказ на резервација секогаш се проверува под кои услови може да ја откажеме истата и тоа се прави по условите на самиот тур-оператор.
Најбитно во овој случај е да се најде најдобро заедничко решение и за странката и за агнецијата.
Пр. Ваучерот на туроператорот има важност да се искористи до 2020 а клиентот бара ваучерот да се искористи до 2021, во овој случај треба да се објаснат условите на туроператорот со цел да се избегне недоразбирање но доколку според оправдани причини странката не е во можност да го искористи Ваучерот од туроператорот до одредената дата на важност и доколки не успееме да се договориме , ќе излеземе во пресрет за да се издаде ваучер до 2021 од тој тур-оператор.

12. Дали ваучерот може да се даде на друго лице ?

Вредносиот ваучер , може да го искористи друго лице со претходно потпишана изјава од носителот на вредносниот ваучер. И важат истите горенаведени услови за користење на ваучерот.