Краков – Велигден 2019

Велигден – Краков

1 ден 25.04.2019 СКОПЈЕ – КРАКОВ

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 12:30ч. Поаѓање на автобусот во 13:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Унгарија…  Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 26.04.2019 КРАКОВ

Пристигнување во Краков  во предпладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич. Стариот дел, срцето на Краков, кралскиот дворец, катедралата, дворецот Вавел( без влезници),  изграден во времето на владеењето на Казимир III Велики (1330-1370), централниот плоштад, готската црква Св. Марија, Еврејскиот кварт Казимерц, Флоријанската улица.  Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 27.04.2019 КРАКОВ  ВЕЛИЧКА

Појадок. Предлагаме  факултативен излет рудникот за сол Величка… неверојатно импресивен свет под земја… солени езера, подземни  простории и ходници, кралска палата и концертна сала, двете изградени од сол од генерации рудари. Рудникот е стар околу 700 години, има 9 нивоа, а туѕристите можат да го посетат третото ниво кое е на 13 метри под земја…  Враќање во Краков. Слободно време за индивидуални прошетки. Можност за факултативна посета на национален ресторан. Ноќевање.   

4 ден 28.04.2019 КРАКОВ – АУШВИЦ И БИРКЕНАУ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на   Аушвиц и Биркенау, најголемиот и најзлогласниот логор на нацистичка  Германија.  ( денес спомен музеј под заштита на УНЕСКО), комплекс на концентрациони логори на Нацистичка Германија во текот на Втората светска војна сместен во близина на Ошвјенќим (германски: Аушвиц) во Полска, околу 50 км западно од Краков. Враќање во Краков. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

5 ден 29.04.2019 КРАКОВ – ПЛОШТАД Bohaterow Getta – ШИНДЛЕРОВА ФАБРИКА

Појадок. Одјавување од хотел. Прошетка по плоштадот  Bohaterow Getta, плоштад на кој во 1941 год. се заробени Евреите и од тука пратени во логор. Денес на овој плоштад се поставени 70 метални столици во знак на сеќавање на жртвите. Потоа можност за фдакултативна посета на Шиндлеровата фабрика – музеј, во кој е претставен животот на Евреите од Краков, пред и за време на војната.  Поаѓање за Скопје .  Денско и ноќно возење.

6 ден 30.04.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.03: 169€/ 10.480 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189€/ 11.720 ден

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок  во хотел 3* НП во Краков (околина)
  • Организација и водство на програмата
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник
  • Организиран трансфер од  Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

           * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување 5€
  • Разглед на Краков со локален водич (10€)
  • Факултативен излет рудник за сол Величка (35€)
  • Посета на национален ресторан со вечера (€)
  • Факултативна посета на Аушвиц (35€)
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба 4.650 ден

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ