Кралска Винарија ”Кралица Марија” – Демир Капија

 Кралска Винарија ”Кралица Марија” – Демир Капија

ОПИС:

Во срцето на Македонија, надзираjќи ја легендарната клисура “Демир Капија”,се наоѓа кралската винарија “ Кралица Марија“ . Во 1927, откако бил консултиран од кралските експерти дека од сите места на Балканскиот полуостров, земјиштето во близина на легендарната клисура “Демир Капија” е најплодно и совршено за одгледување на винова лоза, Кралот Александар Караѓорѓевиќ носи одлука да ја изгради својата винарија таму. Неговата амбиција била да создаде вино и место со извонреден квалитет, исклучиво за потребите на кралскиот дворец. Кралот го именувал имотот “Кралица Марија” по неговата сопруга, Марија Караѓорѓевиќ.Секој објект во себе содржи слој на значење, убав склоп на идеи и искуства. Околната природа, елегантната, удобната и одлично осветлената просторија за јадење, креативната, слободната и почитуваната кујна, страста и професионализмот на персоналот, гордо го претставуваат угостителството во своите најситни детали. Горди сме што ја споделуваме нашата страст за одлично вино и во вниманието кое што го посветуваме на секој можен детал, за нашите пријатели и посетители од целиот свет да се чувствуваат специјално!

ЦЕНОВНИК:

Моменто Апартмани

Тип на соба: Ценa по лице:
Еднокреветна соба со доручек 1200 МКД
Еднокреветна соба полупансион 1600 МКД
Еднокреветна соба полн пансион 2000 МКД
Двокреветна соба со доручек 1800 МКД
Двокревветна соба полупансион 2100 МКД
Двокреветна соба полн пансион 2500 МКД

 

Супериор Апартмани

Тип на апартман: Цена по соба:
Едно лице во апартман со доручек 3000 МКД
Едно лице во апартман полупансион 3900 МКД
Едно лице во апартман полн пансион 4500 МКД
Две лица во апартман со доручек 3900 МКД
Две лица во апартман полупансион 4500 МКД
Две лица во апартман полн пансион 5200 МКД
Три лица во апартман со доручек 5400 МКД
Три лица во апартман полупансион 6100 МКД
Три лица во апартман полн пансион 6700 МКД
Четири лица во апартман со доручек 6500 МКД
Четири лица во апартман полупансион 7200 МКД
Четири лица во апартман полн пансион 7900 МКД

Цената вклучува:

  • Ноќевање на база појадок / полупансион / полн пансион

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ